Дедо Мраз утре пристигнува во Паркот на бранителите во Кисела Вода

December 26, 2023
1 min read

Оваа година Дедо Мраз повторно доаѓа во Кисела Вода на уникатен начин и не еден, туку 3 дена ќе биде кај нас и ќе подели пакетчиња за сите, секако ќе има и одлична забава, соопшти вчера првиот човек на скопската општина Кисела Вода. 

 Новогодишниот караван започнува од утре (среда) каде што Дедо Мраз во 10 часот ќе пристигне во Паркот на бранителите во Драчево.

Во четврток (28.12.2023), исто во 10 часот ќе биде пред Домот на култура ,,Билјана Беличанец” од каде ќе се упати во градинките да ги израдува најмалите, а петокот е резервиран за неверојатна двочасовна забава во Расадник, наспроти училиштето ,,Кирил Пејчиновиќ”.

 На 29.12.2023 во петок, во 12 часот со детска претстава започнува големиот хепенинг за сите деца од Кисела Вода, но и пошироко, додека во 12:40 со свој концерт ќе настапат Детски фестивал Поточиња. Во 13:30 ќе ве забавуват Сара Мејс и Данса Латина Стефи со заеднички настап, а од 13:45 популарните кај младата популација, Пајак и Лара. На крајот од хепенингот, Дедо Мраз ќе подели пакетчиња за сите присутни дечиња, најавуваат организаторите. 

– Кисела Вода повторно ќе биде центарот на Македонија во овие три дена и затоа ве поканувам сите да ја почувствуваме Новогодишната магија, да ја испратиме старата и да си посакаме многу успех, здравје и среќа во новата што доаѓа, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Љуљзим Османи избран за претседател на регионалната занаетчиска комора Гостивар

Следно

Жена и нејзините четири деца пронајдени мртви во стан близу Париз, полицијата трага по таткото

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието
Go toTop