Села: Лично сум за самостоен настап на изборите, но конечната одлука ќе ја донесе Централното собрание на Алијанса

December 25, 2023
1 min read

За идејата за заеднички изборен настап на СДСМ, ДУИ и Алијанса, Села смета дека тоа би било поттик за изборите да се направат биполарни, да се перцепираат како трка помеѓу Албанците и Македонците, а ВМРО да го искористи тоа за да поттикне повеќе поделби. „Идејата за ваков фронт што ја слушнав е идеја за забрзување на интеграцискиот процес во ЕУ и се вика европски фронт, но лично не сум следбеник на оваа идеја“ – вели претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, која е дел од владејачкото мнозинство

Алијанса за Албанците (АА) има капацитет да излезе сама на избори и да биде конкурентна со ДУИ за да победи – вели пратеникот и претседател на Централното собрание на АА, Зијадин Села, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, повторувајќи го ставот што периодов го соопштува и лидерот на партијата, Арбен Таравари, а тоа дека има одлука на Централното претседателство која вели дека Алијанса за Албанците ќе оди сама на редовните парламентарни избори.

„Јас бев следбеник на оваа идеја и продолжувам да бидам, но има време во врска со донесување одлука дали одиме, во каква форма ќе настапиме на избори…“,  

рече Села.

На прашањето – дали, сепак, ја остава отворена опцијата за заеднички настап со ДУИ, Села одговара:

„Реков пред малку, има одлука на Централното претседателство. Друг повисок орган внатре во Алијанса што може да донесе одлука различна од одлуката на Централното претседателство, е само Централното собрание на партијата, кое со Статут мора да се држи, периодот кога ќе се одржи, ќе оцениме“.

За варијантата за уште поширок предизборен фронт во кој би биле СДСМ со партнерите, ДУИ и Алијанса за Албанците, Зијадин Села вели дека лично не е следбеник на оваа идеја.

„Зборував за одлука која е донесена и ставовите што сум ги имал на тој состанок на Централното претседателство додека лично не мислам дека ова ќе и донесе добро на политичката сцена во Северна Македонија бидејќи би било поттик за изборите да се направат биполарни, може да се перцепира како трка помеѓу Албанците и Македонците условно, каде ВМРО би можела да го користи овој елемент за да поттикне повеќе вакви поделби. Идејата за ваков фронт што ја слушнав е идеја за забрзување на интеграцискиот процес во ЕУ и се вика европски фронт, но лично не сум следбеник на оваа идеја“,

вели претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На денешен ден пред 120 години излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков

Следно

Деца со пиротехника запалија дрво пред Музејот во Тетово, изгаснат од пожарникарите пред да се прошири

Latest from Blog

Doli: Edhe 15 minatorë dolën nga miniera

Pesëmbëdhjetë minatorë kanë dalë nga miniera pas disa orësh të vështira të kaluara të ngujuar në thellësi, duke sjellë lehtësim dhe shpresë për familjarët dhe kolegët e tyre. Lajmin e ka bërë

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop