Два концерта на „Танец“ во Бугарија, во Гоце Делчев и во Белица

December 25, 2023
1 min read

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ – Скопје одржа два концерта во Бугарија, во општините Гоце Делчев и во Белица. Како што информира денеска „Танец“, на покана на градоначалникот на бугарската општина Гоце Делчев Владимир Москов и неговата соработка со градоначалникот на општина Белица Радослав Ревански, ансамблот „Танец“ одржа концерти на 21 и 22 декември. „Танец“, како што се наведува, уште еднаш потврди дека е трајна вредност која на свој единствен начин, преку своето уникатно презентирање на македонската култура ги премостува сите бариери кои не можат да ги решат ниту бројните самити и политички договори.

Концертот во Белица се одржа по 60 години од последното гостувањето на ансамблот во ова место во далечната 1964 година, а концертот во Гоце Делчев уште еднаш покажа дека оваа публика особено го цени македонското фолклорно наследство и музичко-сценското богатство кое веќе 75 години го негува „Танец“.

Гостувањето на „Танец“ во Бугарија, во тамошните медиуми, како што се наведува, се коментира како незаборавен спектакл.

„Полна сала, прекрасни изведби, возбудена и задоволна публика и многу расположение за претстојните празници, создадоа пејачите, играорците и инструменталистите на најголемиот македонски ансамбл „Танец“. Концертот во спортската сала „Неврокоп Арена“ беше божиќно-новогодишен подарок за народот. Националниот ансамбл „Танец“ е најголемиот фолклорен ансамбл основан во 1949 година со цел зачувување, негување и презентирање на богатото културно наследство на Македонија. Од тогаш до денес, ансамблот „Танец“ ги проучува, обработува и сценски ги презентира народните ора, песни, иснтрументални мелодии и носии. Високо професионалното претставување на автентичниот фолклор ја плени публиката ширум светот. Директор на ансамблот е Мартин Вучиќ, а во ансамблот работат 80 професионални играорци, инструменталисти, пејачи, автори на музика и кореографи“, стои во објавата на официјалната страница на општината Гоце Делчев, со која раководи градоначалникот Владимир Москов, чија содржина беше преземена и од бугарските портали.

„Танец“, како што се наведува, е познат по својата совршена игра, пеење и ненадмината колоритност на своите изведби.

„Токму во таквиот уникатен спектакл – екстраваганца од песни, ора, музика, народни носии, насмевки и многу талент, беше потопена публиката во Гоце Делчев за време на настапувањето на ансамблот“, се вели во соопштението.

На концертот присуствувале градоначалникот на општина Гоце Делчев Владимир Москов, Неврокопскиот митрополит Серафим, народниот пратеник Богдан Боцев, претседателот на Советот на општината Иван Геров, заменик-градоначалникот Саид Иброш, над 1000 луѓе од градот Гоце Делчев кои го сакаат фолклорот и го ценат богатството на народната музика.

По успешното гостување, анасамблот „Танец“ имал прием кај Невропскиот митрополит Серафим, кој им посакал добро здравје, среќа и уште многу концерти.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

20-годишен тетовец ја запалил куќата на своите родители

Следно

Како Патрушев го елиминираше Пригожин

Latest from Blog

Коста Хиохи на чело на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Коста Хиохи, спортски визионер, професор и долгогодишен активист, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за претстојните локални избори. „Горд сум што имам чест да предводам листа составена од

Меџити: Поставена мерна станица во Трубарево за 24-часовен мониторинг на воздухот

Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои

Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

Политичката промена за Грција поминува преку пораз на денешната Влада, преку пораз на Нова демократија. Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за земјата, нагласи лидерот на грчката опозициска

Селта се спаси од пораз на домашен терен

Со гол постигнат во втората минута од судиското продолжение, тимот на Селта предмалку се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Џирона, кој што заврши со конечен резултат од 1:1.
Go toTop