Јовески: Со гордост, задоволство и чест во изминатите шест години ја извршував функцијата Јавен обвинител

December 25, 2023
2 mins read

реклама


„Со гордост, задоволство и чест во изминатите шест години ја извршував функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија.“, вели Љубомир Јовески во своето обраќање по истекување на мандатот.

„Во изминатите шест години, Јавното обвинителство го започна процесот на трансформација од целосно затворена, кон институција отчетна и достапна за граѓаните. Состојбите не се лесни, но сепак покажавме и покажуваме истрајност во реформите, а тоа веќе го препознаваат и сите меѓународни институции. Во последниот извештај на Европската комисија навистина се ниски оценките за борбата против корупцијата во земјава и од тоа не можеме да бидеме задоволни. Но, ниту една критика не е насочена директно кон обвинителството. Напротив, се инсистира државата да ги обезбеди и да ги зголеми ресурсите за непречена работа на Јавното обвинителство. Сакам да истакнам дека често поради непознавање на реалната состојба или намерно, правосудството, а со тоа и Јавното обвинителство, се цел на неосновани напади.

реклама

Со такви интереси секој си правеше анкети и ги презентираше како релевантни. Се создаде атмосфера дека довербата во нашата работа е нереално многу ниска. На пример, покрај другите предмети правосудството постапува и по граѓански во кои одлуката е во корист само на едната страна. И покрај тоа, во значителен број предмети странките ја прифатиле донесената одлука и не изјавиле жалба. Во јавното обвинителство, пак, бројот на поднесени кривични пријави од граѓани од година во година расте, што исто така е показател дека довербата на граѓаните во нашата работа се зголемува и е многу повисока од презентираната.

Анкетите, онака како што се прават за политичарите и политичките партии, не се соодветни за мерењето на довербата во работата на Јавното обвинителство. Еве само некоку податоци од стручно и релевантно истражување на Светска банка кое деновиве и целосно ќе биде објавено, а се однесува на состојбите со јавната перцепција на правосудството кај нас.

реклама

Во ова длабинско и суштинско истражување на пример на прашањето:

Колку се ефикасни правосудните институции?

реклама

Генерално  позитивна оценка дале 28% од граѓаните и 33% од бизнисмените. Запрашани за ефикасноста конкретно во нивниот предмет за оние што имале такво искуство 47% од граѓаните и 37% од бизнисмените рекле дека се задоволни.

Квалитетот на работата на правосудните институции позитивно го оцениле повторно 28% од граѓаните и 31% од бизнисмените, а во нивен предмет тој процент се искачува на 50% од граѓаните и 42% од бизнимените кои се задоволни од квалитетот на одлуките.

Заслужуваат внимание и податоците на истражувањето на Светска банка на прашањето – колку е фер правосудниот систем? Позитивно се изјасниле 24% од граѓаните и 23% од бизнисмените, додека од оние што имале лично искуство позитивна оценка дале 60% од граѓаните и 55% од бизнисмените.

Дали во изминатите шест години можевме и подобро и повеќе? Сигурно да, но во ниту еден момент не сум престанал да се залагам за повеќе и за подобри резултати.

Сакам да упатам една порака и до колегите јавни обвинители.

Стрпливоста и упорноста се столбовите на секоја кариера во правосудството. Потрагата по правда е маратон, а не спринт трка на кратки патеки и затоа човек мора да одржува темпо и да е истраен. Ве повикувам во секоја можност да ја демонстрирате својата истрајност и решителност во борбата против криминалот. Не дозволувајте поединци да ја извалкаат професијата во која секојдневно се вложувате. Со чесна и напорна работа вашите резултати нема да останат непрепознаени од јавноста.

Би сакал јавно лично да ви се заблагодарам за соработката која ја имавте со мене како прв човек на институцијата“, рече Јовески.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финансиската полиција влегува во Град Скопје: Ќе го побараме повикот за украсување за кој зборува градоначалничката

Следно

„Израелските напади врз новинарите претставуваат воено злосторство“

Latest from Blog

ФФМ и Адидас со нов дрес за репрезентацијата – спој на стил и национална гордост

Фудбалска федерација на Македонија официјално го промовираше новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација, кој носи силна симболика поврзана со националниот идентитет, гордоста и заедништвото. Од Федерацијата истакнуваат дека секој детал од дизајнот

Проданоски: Работниците се движечка сила на развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод Меѓународниот ден на трудот – Први Мај, истакнувајќи дека овој празник е симбол на достоинството, правата и придонесот на работниците

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

Уапсен е педофил, кој 37 години се криел на Филипините- киднапирал и силувал 7- годишно девојче

13-тиот окружен суд во округот Хилсборо, Флорида, издаде налог за апсење на Талмаџ во март 2025 година, според соопштението за медиумите од Филипинското биро за имиграција (BI) и онлајн записите добиени од
Go toTop