Инцидентите на протестот во Белград ги предизвикаа хулигани испратени од власта, обвини српската опозиција

December 25, 2023
1 min read

Опозициската коалиција оцени оти Вучиќ повторно го покажал своето насилно лице, а оти предизвиканите инциденти на протестот власта ги искористила за да се справи со мирните демонстранти кои бараат повторување на изборите одржани на 17 декември

Српската коалиција „Србија против насилството“ обвини оти инцидентите на синоќешниот протест на опозицијата во Белград биле предизвикани од хулигани испратени од власта. Коалицијата оцени дека режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ уште еднаш го покажал своето вистинско, насилно лице.

Од синоќешните инцидентите на протестот пред Градското собрание во Белград / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Предизвиканите инциденти на протестот, како што велат од опозицијата, власта ги искористила за да се справи со мирните демонстранти кои бараат повторување на изборите одржани на 17 декември.

„Властите употребија насилство за да ги претстават мирните протести како насилни“,

велат од „Србија против насилството“.

Наведуваат дека против граѓаните кои протестирале поради украдените избори биле испратени специјални единици кои врз нив употребиле брутална сила.

„За тоа сведочат многубројните видеоснимки, како и фактот дека еден од демонстрантите беше брутално претепан и му ја скршија ногата, удирајќи го со клоци додека лежеше на земја. По протестот, полицијата го нападна и Радомир Лазовиќ, од Зелено-левиот фронт“,

додаваат од опозициската коалиција.

Коалицијата особено го осудува, како што вели, апсењето на голем број демонстранти без никаква причина и најави дека ќе им пружи правна помош. Нагласуваат дека никогаш нема да ја прифатат изборната кражба.

Поради синоќешните инциденти на протестот во Белград, како што објави српското Министерство за внатрешни работи, досега се уапсени 38 лица кои се осомничени дека повикувале на насилно однесување. Во синоќешните протести се нападнати и осум полицајци, а двајца од нив се здобиле со тешки телесни повреди.

На вчерашниот протест пред зградата на Градското собрание во Белград повика српската опозициска коалиција „Србија против насилството“ која протестира уште од 18 декември – еден ден по изборите во Србија за кои тврди дека биле украдени од владејачката Српска напредна партија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЦ: За седум дена санкционирани 237 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Следно

Музичкиот хроничар Тошо Филиповски во Сараево во „Екс-ЈУ рок центарот“ ја отвори изложбата „60 години македонска рок сцена“

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop