Израел изврши нови воздушни напади во северниот дел на Појасот Газа, погоден центар за рехабилитација

December 19, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Повеќемина Палестинци загинаа денес во новите израелски воздушни напади во Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, тврдат очевидци, јавува Анадолу.

Според нив, нападите биле насочени кон Добротворното друштво за рехабилитација Асалам и околните куќи, предизвикувајќи големо уништување во подрачјето.

Палестинското Министерство за здравство сѐ уште не ги потврди жртвите.

Израел започна бомбардирање од воздух и копно на Појасот Газа, воведе опсада и започна копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Според здравствените власти во Газа, оттогаш во израелските напади загинати се најмалку 19.453 Палестинци, а 52.286 се повредени.

Се верува дека речиси 1.200 Израелци се убиени во нападот на Хамас, додека повеќе од 130 заложници остануваат во заробеништво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Со пренамена на средства од МЗ ќе се реконструира амбуланта во Општина Илинден

Следно

Костовски: Пендаровски цврсто стои зад европскиот пат и прозападната ориентација на земјата

Latest from Blog

Папата Лав Четиринаесетти се сретна со потпретседателот на САД

Папата Лав XIV утрово се сретна со потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс, соопшти канцеларијата за печат на Светата столица. Потпретседателот на САД ги претставуваше САД на мисата за инаугурација на папата

Во Македонија канабисот најзастапен, кокаинот и екстази во подем 

Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, ЦБД производите и кокаинот, покажува европско веб истражување за дроги во Македонија кое го објави Институтот за јавно здравје.  Во истражувањето вознемирува фактот што многу

Израелската армија уништи медицински материјали во напад на болница во јужна Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија утринава изврши напад врз складиште со медицински течности и материјали во медицинскиот комплекс Насер во Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, како дел од продолжените
Go toTop