Ајфон стана некомпатибилен со државна работа во Кина

December 19, 2023
1 min read

Предупредувањата, за сега без санкции, се актуализирале изминативе месец до два, во најмалку осум кинески провинции, откако во септември истото го побараа државните институции и компании во Пекинг и Тиенцин. Главно од вработените се бара на работа да доаѓаат со кинески уреди, а не-кинеските да ги оставаат дома. И ова важи за сè од мобилни до таблет уреди и паметни часовници.

Забраната за странски уреди веќе неколку години е во сила но до сега важеше главно за неколку сензитивни државни одделенија и сектори.

Процената на Блумберг е дека станува збор за многу поопсежна стратегија и движење откако и помали компании во помали градови почнале да издаваат „усмени директиви“ за користење само кинески уреди.

Претходно кинеската влада во неколку наврати ги отфрли тврдењата за рестрикции на Ајфон, додека во исто време алармираше околу безбедноста на уредот.

И Епл и Самсунг имаа проблеми со раст на продажбата во Кина и пред неофицијалната забрана, а посебно откако Кинезите ги фати инает заради американскиот бојкот на Хуавеи. За Епл на Кина отпаѓа околу една петина од приходите, а земјата ја користи и како главен производител на речиси сите уреди што ги продава.

Дел од падот на продажбата на Ајфон во Кина аналитичарите го препишуваат на пуштањето во продажба на новиот модел на Хуавеи во август годинава, Мејт 60 про, кој содржи напреден процесор целосно произведен во Кина. Новиот телефон државните медиуми „го продаваа“ како триумф против американските санкции кои забрануваа продажба на напредна американска технологија на Кина.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Претседателот Пендаровски на средба со американската амбасадорка Анџела Агелер

Следно

Пендаровски: Државата мора да остане на евроинтегративниот пат без разлика кој ќе биде на власт по изборите во 2024

Latest from Blog

Лука Модриќ урна рекорд – стар 64 години!

Фото: ФЦ Милан Х Фудбалерите на Милан ја победија Болоња со 1:0 во натпреварот од третото коло на Серија А. Единствениот гол го постигна Лука Модриќ, кој дебитираше во дресот на својот

Сончево со мала облачност и ветер

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот
Go toTop