На почетокот на следната година, стартува доградбата и надградбата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром

December 19, 2023
1 min read

Капиталните проекти во делот на образовната инфраструктура се уште една потврда за заложбата на Општина Аеродром да обезбеди модерен и современ образовен процес каде учениците и наставниот кадар ќе имаат соодветни услови за реализација на наставата. Во таа насока, на почетокот на 2024 година започнува надградбата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“, информираа денеска од општина Аеродром. 

Доградбата ќе се одвива во две фази за да се овозможи функционалност на објектот во текот на целата година. Проектната документација предвидува доградба на 26 училници, 13 наставнички кабинети, голем централен хол, просторија за библиотека, дополнителна спортска сала и трпезарија со кујна на вкупна површина од околу 2500 квадратни метри. Делот од училиштето кое е во добра состојба ќе биде задржан во постојниот габарит и истиот ќе биде поврзан со топла врска со новоизградениот објект.

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна истакна дека проектите во образовната инфраструктура се инвестиции во младите, иднината на општината и државата и дополни дека завршување на доградбата и надградбата значи и реализација на едно важно ветување пред граѓаните и проект со кој директно ќе се овозможи модерен и современ образовен процес за сите ученици. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Maричиќ: Отворањето на поглавјата со ЕУ не може да се реализира поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Новогодишно Скопје во Кралството Југославија VS Денешното новогодишно Скопје

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop