Разговор со визуелната уметница Кристина Пулејкова

December 6, 2023
1 min read

МАКЕДОНСКИ ВИЗУЕЛНИ УМЕТНИЦИ: Кристина Пулејкова
(Разговорот го води Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност)

онлајн настан | среда, 6.12.2023 | почеток: 20.00 часот

Со цел да се оствари континуитет во претставувањето на македонската визуелна сцена, КСП Центар-Јадро продолжува со нова серија разговори во живо, со македонски визуелни уметници и нивните дела изложувани на значајни изложби. Намерата е да се постигне поголема промоција како и генерациско поврзување што ќе помогне во воспоставувањето на континуитет и интензивирање на дијалогот на локалната уметничка сцена.

Кристина Пулејкова (р. 1988) е македонска уметница која живее и работи во Скопје и во Лондон. Нејзиното интердисциплинарно творештво се заснова врз науката и технологијата. Делото на Кристина го истражува начинот на кој употребата на технологијата може да доведе до поголеми облици на одржливост во односите човек – природа. Работејќи низ подвижни слики, звук и инсталација, таа има за цел да изгради субјективни наративи, засновани врз научни податоци и начела. Во своите дела има тенденција да претставува гласови – гласови од суштества, предмети, па дури и атоми, со цел да се обиде да ги воведе нечовечките перспективи. Преку употребата на напредната технологија, делата на Кристина честопати се занимаваат со прашања од животната средина, притоа раскажувајќи лични приказни, кои ја ставаат публиката во центарот на сцената, овозможувајќи протагонистички пристап и поинаков начин на гледање на нештата.

Пулејкова има диплома за магистериум (БА + м-р) по сликарство и анимација од Универзитетот за применети уметности, Виена, Австрија (2012) и магистер по уметност и наука од Централ Сент Мартинс, Лондон, Велика Британија (2014). Таа е добитник на инаугуративната стипендија FLAMIN од Филм Лондон (2017). Делата на Кристина се изложени/прикажани во Националната галерија, Скопје; МСУ, Скопје; Научниот музеј, Лондон, Велика Британија; Музеј MAN, Сардинија, Италија; V&A, Лондон, Велика Британија; МАК, Виена, Австрија; Project Space Kunsthalle, Виена, Австрија; Хет Гласпавиљон, Ајндховен, Холандија; Горна галерија, Амстердам, Холандија; Арт COP21 Париз, Франција; Галерија Вајтчепел, Лондон, Велика Британија; Art Licks Festival, Лондон, Велика Британија; Lewisham Art House, Лондон, Велика Британија; Кралскиот колеџ за уметности, Лондон, Велика Британија и многу други.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

SkyShowtime me “PLAYLIST” të përsosur të filmave për festat e fundvitit

Следно

Колку си побогат, толку повеќе пари ти требаат за да бидеш среќен

Latest from Blog

Пожарот започнал од прскалки на шампањ? – Обвинителството: „Ќе испитаме дали постои кривична одговорност за овој настан“

Јавната обвинителка на кантонот Вале, Беатрис Пилу, изјави дека обвинителството интензивно работи на утврдување на околностите на трагедијата. „Според досегашните информации, пожарот веројатно започнал од прскалки, или факели, кои биле поставени на

Николоски најавува модернизација на Македонската пошта со 100 нови возила и нов софтвер

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, најави значајни инвестиции и осовременување на Македонската пошта, со цел државната компанија да заземе водечка позиција на пазарот. „Ја консолидиравме Македонската пошта, државна

Николоски: Имaме големи планови Македонска пошта да стане доминантна на пазарот, започнавме со инвестиции во средства и опрема

Ja консолидиравме Македонскa поштa, државна компанија каде вработените молеа да земат плата со претходната Влада. Сега не само што успеавме да не испуштиме од работа вработени, туку платите и сите законски права

Комерцијална банка, Алкалоид и Универзална Инвестициска Банка со највисок дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На првата трговска сесија во новата 2026 година, индексот МБИ10 бележи пад од 0,06%, затворајќи на ниво од
Go toTop