Пресечен меѓународен канал за транспорт, запленета дрога вредна 120.000 евра

December 3, 2023
1 min read

реклама


Денеска (03.12.2023) на влезот во Гостивар, во заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Специјалната антитерористичка единица Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Охрид, ОВР Струга, СВР Тетово и ОВР Гостивар, координирана од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, беше спречен меѓународен транспорт на 32 килограми марихуана, вредна околу 120.000 евра, од Република Албанија во Република Северна Македонија.

На местото биле запрени две патнички возила „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Првото, во кое биле К.Л.(35) од Скопје, со престој во Горна Матка, В.Б.(46) од Скопје, со престој во Горна Матка и албанскиот државјанин Г.Џ.(42), било претходница. А во второто, кое го управувал М.А(44) од село Грчец, била транспортирана дрогата. На знак за запирање, даден од полициски службеници, возилото не застанало и се обидело да побегне, но набргу било запрено и во багажникот биле пронајдени три торби со околу 32 килограми марихуана. Криминалната група била организирана од септември 2023 година од албанскиот државјанин, кој бил баран со потерница во Република Албанија и други држави од Европската Унија, исто така, за недозволена продажба на наркотици.

реклама

Во периодот од септември до сега тој организирал транспорт на дрога од Албанија во нашата држава, по што во Скопје организирал мрежа на препродавачи. Лицата биле лишени од слобода, а во текот на денот, со судска наредба, биле извршени претреси на пет локации во Скопје, при што биле пронајдени марихуана и други материјални докази за нивната инволвираност во вршење на кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ОЈО: Се бара притвор за тројца приведени во врска со исчезнувањето на Вања, се преземаат дејствија за обезбедување докази

Следно

Премиера на театарскиот перформанс „Лилит” во Културно-социјален простор Центар-Јадро

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop