Во Струмица стапуваат на сила мерките за надминат праг на аерозагадување

December 2, 2023
1 min read

реклама


 Во Струмица стапуваат на сила мерките за надминат праг на аерозагадување, бидејки два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Мерењата од станицата на МЖСПП покажале дека е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрограми на метар кубен кој согласно регулативата два последователни денови изнесувал над 150 mg/m3, а врз одлуката на министерството влијаела и временската прогноза на УХМР.

реклама

Имено, завчера во Струмица се измерени 156,12, а вчера 236,99 микрограми на метар кубен. Затоа, МЖСПП во соработка со Министерството за здравство препорачува за градот Струмица да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Потоа, се препорачува работодавците да го реорганизраат работното време на лицата кои работат на отворено од 11 до 17 часот и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

реклама

Освен тоа, Општината треба да обезбеди услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба, а од Владата се бара да преземат повеќе мерки кои се во нејзина ингеренција, меѓу кои и зачестени контроли на инсталациите за испуштањето дозволена количина емисии во воздух. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложбата „Мозаици” по повод 50 години творештво на академик Газанфер Бајрам вечерва во Битола

Следно

ПОЧИНА НЕКОГАШНИОТ ПЕЈАЧ НА „ПОУГС“, ШЕЈН МЕКГОУЕН

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop