Министерство за економија се реорганизира, се формира Државен пазарен и технички инспекторат

January 24, 2023
1 min read

Владата на денешната седница го задолжи Министерството за економија да го спроведе Планот за негова реорганизација кој, меѓу другото, предвидува спојување на Државниот пазарен инспекторат со Државниот инспекторат за техничка инспекција и формирање единствена институција од типот на инспекциски надзор, подредена на Министерството за економија – Државен пазарен и технички инспекторат.

Според овој пример, предвидени се спојувања и на Фондот за иновации и технолошки развој со Агенција за поддршка на претприемништвото, на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот со Дирекција за технолошко индустриски развојни зони и на Агенција за енергетика со Агенција за задолжителни нафтени резерви.

Министерството е задолжено да го спроведе Планот според утврдените рокови.

-Министерството за економија го спроведува Планот за реорганизација на Министерството согласно заклучок на Владата од седницата на 8 март 2022 година, кога Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа задолжени да започнат со спроведување на првиот пилот проект на министерскиот систем, согласно препораките од Интегрираниот извештај за државна реорганизација, информира Владата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата ќе ги следи препораките на Пендаровски, но не кажува дали ќе им забрани влез на европратеник и други бугарски државјани

Следно

Ал-Наср го сака Модриќ, еве колку пари му нуди

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop