Нема договор за Влада: Бугарија повторно оди на избори

January 24, 2023
1 min read

Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска му го врати мандатот за формирање влада на претседателот Румен Радев, откако не успеа да состави нова коалиција, отворајќи го патот за нови избори, петти во последните две години.

– Сфативме дека нема да можеме да ја добиеме потребната поддршка за формирање влада, рече претседателката на БСП, Корнелија Нинова.

По средбата Радев рече дека одлуката за датум за предвремените избори, ќе ја донесе во консултацијата со Централната изборна комисија (ЦИК). Тој денеска одржа средба со претставниците на ЦИК.

– Не можеше да се најде решение за излез од политичката криза. Затоа се движиме кон нови избори, изјави денеска бугарскиот претседател, осврнувајќи се на неуспешните напори на социјалистичките лидери да формираат коалиција.

Тој треба да најави распуштање на парламентот во наредните денови пред да се одржат изборите. Дел од партиските лидери побараа изборите да се одржат на 26 март, но ЦИК соопшти дека најран датум за одржување на изборите е 2 април, поради проблеми со доставата на хартија за апаратите за гласање.

Тоа ќе бидат петти избори од 2021 година за земјата, која минува низ политичка блокада без преседан од крајот на комунизмот во 1989 година. Аналитичарите се песимисти и предвидуваат сличен исход и на новите вонредни избори, без стабилно мнозинство со изгледи за нови избори наесен.

Поранешниот премиер Бојко Борисов, чија конзервативна партија ГЕРБ победи на изборите на 2 октомври, не успеа да најде сојузници за формирање влада. Потоа мандатот беше даден и на партиите кои беа на второ, односно трето место, според бројот на гласови, но и тие потфрлија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието го изгласа Законот за финансиска инспекција во јавниот сектор

Следно

Македонските граѓани ќе добијат електронски идентитет

Latest from Blog

Натали Портман бесна на Холивуд: Најфобрите филмови ги режираа жени, а годинава ги нема на Оскарите

И додека рефлекторите го следат гламурот на црвениот тепих, зад сцената, според Натали Портман, сè уште се води многу посериозна борба: борбата на жените за рамноправно место во филмската индустрија. Актерката и

ЦРНА ГОРА ЈА УКИНА „НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН“

Уставниот суд на Црна Гора го прогласи за неуставен и го укина членот 35.а од црногорскиот Закон за внатрешна трговија, кој го регулираше прашањето за неработните недели во продавниците. Судот оцени дека

Лига на Шампиони осмо коло: Елиф и Наполи на дуел со Челзи, Арсенал го пречекува Каират, Баерн оди во Холандија кај ПСВ

Денеска на програмата се мечевите од осмото коло од овогодинешната Лига на Шампиони, во кое мора да се признае дека нема некое поголемо дерби. Сепак, во оваа конкуренција се најдобрите екипи во

Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка најтргувани – МБИ10 со пад од 0,24%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На денешната берзанска сесија од 28 јануари 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,24%, спуштајќи се на
Go toTop