Мизрахи: Заклучоците кои ги прочитав пред Анкетната комисија немаат политички наратив

November 28, 2023
1 min read

реклама


Заклучоците кои ги прочитав пред Анкетната комисија немаат политички наратив, во нив нема ниту еден политички збор, беа доставени до сите медиуми, а се однесуваат на одговорности, односно посочуваат лица коишто ги занемариле законот или пак законите во своето функционирање. Ова денеска го истакна пратеничката Рашела Мизрахи, претседателка на собраниската Анкетна комисија за скандалот со Клиниката за онкологија.

– Дополнително, решив да се зборува за оние лица коишто биле актуелни функционери во текот на 2021 година во здравствениот систем, не навлегувајќи во останатите години заради тоа што и самиот мандат, што го имаме од 2020 година, сите ние како пратеници, како и поради тоа што како темелен документ се носи извештајот од Државниот завод за ревизија, рече Мизрахи.

реклама

Од друга страна, таа смета дека предлог заклучоците од мнозинството се многу општи.

-Тие беа исто така доставени до јавноста, прочитани на прес-конференција. Не укажуваат на политичка одговорност на одредени лица и го занемаруваат фактот за што е настаната Анкетната. На моја голема жал, сметам дека мнозинството реши да застане во одбрана на политички функционери, во одбрана на политиката, над здравјето и животот на граѓаните, пациентите на Онкологија. Ги стави политичарите над прашањето на заштита на здравствениот систем во нашата држава. Нашите заклучоци толку дивергираат во својот наратив, што се речиси неспојливи. Непоимливи еден со друг, рече Мизрахи.

реклама

Таа кажа оти видела дека во системот има чинители коишто ја играле улогата на „ништо не слушнав, ништо не видов и ништо не кажав, а за тоа, цената ја платиле граѓаните, пациентите, како и нивните семејства“.

-Без разлика на барањето за моја оставка и кои ќе бидат заклучоците понатаму, нема никогаш да се приклучам на ставот дека не сум видела, не сум чула или нема да кажам нешто. Напротив, јас ќе стојам заедно со вистината пред моите сограѓани, коишто се пациенти и нивните семејства на оваа клиника, нема да правам никаков политички пазар или компромис со вистината. Без разлика на последиците од тоа, додаде Мизрахи.

реклама

Таа не можеше да каже дали ќе има уште една седница на Анкетната, бидејќи до 3 декември треба да се донесе заеднички став на Комисијата.

– Јас би почекала да видам што ќе се случи со барањето за оставка, доставено од мнозинството. Се чини дека има некој обид претседателката на Анкетната комисија да биде виновна, а не оние коишто биле реалните виновници во здравствениот систем, кои овозможиле да настане хаварија и ужасна трагедија на Онкологија, така што, да видиме каков ќе биде расплетот на оваа ситуација понатаму, одговори пратеничката.

Таа потсети дека членовите на Комисијата работеле многу интензивно и саботи и недели со две до три седници во текот на неделите. На распитот беа свикани 63 сведоци, присуствуваа педесет и еден.

-Јас лично поминав и денови и ноќи во читање материјали, така што, немаше никаква опструкција во работата на Анкетната комисија, подвлече Мизрахи. 

реклама



MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најтесниот хотел во Чешка ги воодушевува туристите со својата единствена архитектура

Следно

Бројките на геноцидот во Газа

Latest from Blog

Собранието вечерва ги отфрли интерпелациите за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стољковиќ

Собранието вечерва со три гласови „за“, 64 против и без воздржани, ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити што ја поднесе коалицијата „Европски

Нетанјаху треба да биде приведен ако ја посети Полска, вели известувачката на ОН, Албанезе

ЖЕНЕВА (АА) – Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за Палестина, Франческа Албанезе, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за приведување, треба да биде

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити

Собранието вечерва со три гласа „за“ и 64 против ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити што ја поднесе коалицијата „Европски фронт“. Интерпелацијата

Само 3 пратеници гласаа „за“ – не помина интерпелацијата за Меџити

Вечерва во Собранието се гласаше за интерпелацијата на првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Сепак, оваа интерпелација падна бидејќи за гласаа само 3

Што го предомисли Ахмети за мистериозно да исчезне воинственото видео

Воинственото видео на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа мистериозно исчезна од социјалните мрежи. На снимката се гледаа сцени од воениот конфликт во 2001 година кога Ахмети беше командант на УЧК. Снимката
Go toTop