Изложбата  „A/R Каљари-Скопје“ во Музеј на град Скопје: Патувачки дневник на уметниците, нивните идеи и соочување со новините од стекнатото искуство

November 28, 2023
2 mins read

Во Музеј на град Скопје на 28 ноември ќе се отвори изложбата  „A/R Каљари-Скопје“.

Изложбата има за цел обединување на делата изработени за време на Уметничката резиденција во 2022 година помеѓу двете места (Скопје / Сант Антиоко, Сардинија). A/R (andata e ritorno; повратен пат) е патувачки дневник на уметниците, нивните идеи и соочување со новините од стекнатото искуство. Целта на обединувањето на креацијата е да се развие идеја на зближување на младите уметници преку уметноста, културата, различностите во живеењето, но и сличностите во културата и традицијата во регионалните рамки на Европа кои делат заеднички вредности.

Тука обединувањето го ставаме во една географска поширока медитеранско-балканска рамка каде што на некој специфичен уметнички традиционален начин можат да се надоврзат уметноста, културата и традицијата на младите автори од Скопје и Сардинија, (Р.Македонија и Р.Италија).

Акцентот во уметничките дела спонтано го создаде контрастот на пејзажот помеѓу еден централно медитерански, географски изолиран регион со своите специфичности (културно, историски и современи), и пејсажот на градот Скопје како дел од македонскиот планинско- ограничен пејзаж, изолиран културно, историски и современо-политички помеѓу Балканот и Медитеранот.

Делата со кој се прикажуваат младите автори во Музејот на град Скопје и од двете страни се работени во различни медиуми, фотографија, дигитален цртеж, филм, звук. Сите се од областа на визуелните ликовни уметности, но исто така и музиката, поточно звучни сегменти, кои го отсликуваат и збогатуваат фигуралниот простор на некои од содржините на уметничките дела на авторите.

Кај македонските авторки Лина Дамјан и Ана Спасова преовладува фотографијата како медиум. Фотографскиот објектив кај двете авторки го отсликува нивниот различен фокус на сензации на уметничкото доживување како третман и уметнички пристап. Ана Спасова ја истражува архитектурата. Во нејзините фотографии се отсликува амбиентот на Медитеранот и магијата на историјата и културата која стои статично покрај современото и сѐ уште доминира на посебен начин врз цивилизациските вредности. Лина Дамјан на фотографиите интервенира и ги доработува во компјутерска графика и на реалната содржина и отстапува простор на имагинацијата и емоциите, создавајќи го оригиналното чувство и приказ на нејзините доживувања за време на уметничката резиденција во Сант Антиоко.

На изложбата со наслов “A/R Каљари-Скопје” се претставени и дела од младите уметници, со потекло од Сант Антиоко, како и една од главниот град на Сардинија, Каљари. Кјара Александра Јанг, Марко Манкони и Давиде Мариани .

Уметниците од Сардинија во периодот од 18.09.2022 до 02.10.2022 престојуваа во Уметничката резиденција на здружението „Македонида“, ул. „Атинска“ 2, Скопје каде ги изработија своите дела и на 01.10 прикажаа завршна работна изложба во просториите на резиденцијата. Исто така и македонските уметници од Скопје во периодот од 02.10.2022 до 16.10 2022. престојуваа во арт резиденцијата на здружението „Отоволанте Сулчис“, во Сант Антиоко и на 15.10 се претставија со работните уметнички дела во Градската галерија при Општината на градот Сант Антиоко, вели Гордана Велков, историчар на уметност.

 

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и Амбасадата на Италија во Скопје.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пунктовите за фотографирање и издавање на лични документи во Скопје утре и задутре ќе работат со полно работно време, закажаните термини да се почитуваат

Следно

Отруена сопругата на Буданов

Latest from Blog

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Собранието вечерва со седум гласа „за“, 63 „против“ и без ниту еден воздржан ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Селективното дејствување врз етничка основа за случувањата на 28

Не помина ни интерпелацијата за Тошковски

Вечерва во Собранието се гласаше за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Истата не е помина бидејќи 7 пратеници гласаа за, додека пак 63 гласаа против. ИЗВОР: ТВ 21

Гаши: Интерпелацијата на Даути не значи и нејзино разрешување, гласањето нема правно дејство

„Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки

Почна собраниската расправа за интерпелацијата на Тошковски

Селективно дејствување врз етничка основа за случувањата на 28 ноември, негарантирање еднаквост и безбедност за сите граѓани, неспособност за праведност и реторика која ја продлабочува етничката поделба, се само некои од причините

Собранието вечерва ги отфрли интерпелациите за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стољковиќ

Собранието вечерва со три гласови „за“, 64 против и без воздржани, ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити што ја поднесе коалицијата „Европски
Go toTop