Врнежи од снег со послаб интензитет во Тетово и на Попова Шапка – во Гостивар, на Стража и Пресека врнежи од дожд и снег

November 28, 2023
4 mins read

реклама


За потребите за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал, денеска ќе се изведува минирање. Предвиден е времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница – мост на река Блидеш во период од 12:00-16:00 часот. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Тетово и на Попова Шапка, а во Гостивар и на планинските превои Стража и Пресека врнежите се од дожд и снег.

реклама

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

реклама

Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. 

Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

реклама

Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година.

РАБОТИ НА ПАТ:

Извештај бр. 1060 28.11.2023

06:00 часот

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред Граничниот Премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред Граничниот Премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација.

Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред Граничниот Премин “Блаце” на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На 07.11.2023 година од 13:00 ч. извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово – рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово – Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец – Катланово ќе биде затворена за сообраќај.

Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

Од 23.10.2023 г. ќе започне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 – делница Скопје – Тетово. Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП “Блаце”-Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце, до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот премин “Блаце” од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два кружни тека) со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој.

Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.

БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец “Државен пат А3, делница: Буково – Охрид, подделница Буково – влез во Охрид” ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот “Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково – Охрид, подделница Буково – влез во Охрид”. Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29.02.2024.

Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено, со ограничување на максимална брзина до 30 км/час.

Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023, а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ДТГ Жикол Доол извести дека од ден 10.5.2023 г. поради вршење на градежни активности на делницата Струмица – Дабиље, е поставен времен режим на сообраќај.

Од ден 26.4.2023 г. започнаа градежни активности на Државен пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот е пренасочен на Регионалниот пат Р1102.

Почнувајќи од 06.03.2023, на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Според информација од ДГТ Жикол, поради изведување на градежни работи на државен пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, сообраќајот на автопатот ќе се одвива според времен режим.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес – Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради градежни активности од 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење. 

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Катар: Хуманитарната пауза во Газа продолжена уште два дена

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Зошто не беше разрешен судијата Енвер Беџети и зошто „падна“ обвинителката Вилма Русковска

Latest from Blog

Министерот Муцунски во Украина – оддаде почит на украинските херои, ќе се формира Специјален трибунал за злосторствата врз Украина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, престојува во еднодневна посета на Украина, на покана на неговиот украински колега Андриј Сибига. Муцунски учествуваше на Министерскиот состанок на основната група за формирање на Специјалниот

Малолетна скопјанка им дала 25.000 евра на соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат

Основка од скопската населба Бит Пазар била жртва на уцена од страна на свои соученици, кои ѝ се заканувале дека ќе го нападнат нејзиниот помал брат, дете со здравствени проблеми, доколку не

80 години од победата над фашизмот, бројни делегации со почит пред споменикот на партизанските гробишта

Во светот како и во Македонија се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот, кога со капитулација на нацистичка Германија заврши Втората светска војна. Претставници на Сојузот на борците, државни делегации, дипломатски кор

Македонија во трговски минус: Извозот слабо расте, увозот ја тера економијата

Во првите три месеци од 2025 година, Македонија продолжи да се соочува со проблемот на негативен трговски биланс. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на стоковата размена на
Go toTop