Ковачевски уште два месеци премиер – техничката Влада би требало да се избере на 28 јануари

November 27, 2023
1 min read

реклама


Ако партиите се усогласат за 8 мај да биде денот на двојните избори, тогаш роковите предвидуваат дека премиерот Димитар Ковачевски има уште два месеца од својот мандат како премиер. Тој својата оставка ќе треба да ја поднесе на 26 јануари за да се формира техничка влада.  Претседателот на Собранието на денешниот брифинг со новинарите информира дека изборите според овој роковник се предвидува да се распишат на 28 февруари.

„Ако се претпостави она што се шпекулира дека 8 мај би бил прифатлив за сите да бидат заедно, регуларни избори, претседателски и парламентарни тогаш роковите се во рамки на минимум 70 и максимум 90 дена од распишувањето на одржувањето на изборите, изборите би се распишале во тој случај меѓу 27 и 28 февруари“, вели Талат Џафери.

реклама

Џафери нагласи дека политичките партии заеднички треба да го изберат датумот на изборите. Тој претходно им даде рок на почетокот на декември да се состанат во Собранието за да постигнат формален договор за на 8 мај да се одржат редовните парламентарни и вториот круг на претседателските избори. Извесно е дека оваа средба би можела да се случи нешто по 10 декември.

„Ако се одржат заедничките избори на 8 мај, а како резултат на Пржинскиот договор, техничка Влада би требало на крајот на јануари да е избрана. Значи 27 – 28 јануари да се избере техничка Влада. Тоа се роковите во однос на она што би бил конкретниот датум за избори, доколку е 8 мај“, вели Талат Џафери.

реклама

Во рамките на подготовката на изборниот процес, треба да се избере и нов член на Државната изборна комисија која треба да биде од редовите на опозицијата. Џафери вели дека за ова место има 4 кандидати но дека собраниската Комисија за избори и именувања треба да одлучи за кандидатот по што ќе треба да оди на избор на собраниска седница. Покрај ова се отвора и нова можност да се испразни уште едно место откако Борис Кондарко кој е член на ДИК се кандидираше за новиот состав на Антикорупциска комисија.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тригодишниот Ахмед кој ги загуби двете нозе, остана и без своето семејство во израелските напади на Газа

Следно

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Latest from Blog

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Северна Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка,

Општина Битола инвестира во патната инфраструктура – асфалтирани две улици кај Здравствениот дом

Градежната оператива продолжува со реализација на инфраструктурните активности во Битола. По завршувањето на асфалтирањето на улицата „Козара“, денеска се асфалтирани уште две улици во близина на Здравствениот дом – „11-ти Март“ и
Go toTop