На денот на гостувањето на Англија, Скопје личи на заборавен источноевропски провинциски град од пред 40-50 години, коментира на Фејсбук Ивор Мицковски.
Атмосфера и состојба околу Стадион на денот на гостувањето на Англија.
Двајца џандари пред хотел и пред канцелариите на озогласениот ФФМ.
Етнички одлична застапеност пред паркинзите и влезот во Стадионот.
Двајца Македонци квазиобезбедување, двајца Албанци квазирегулатори на сообраќај и паркинг, двајца Роми кои им прават друштво и постар господин во цивилка од непознато етничко потекло кој со скршено метличе квазимете цел паркинг.
30-тина граѓани од внатрешноста очајно чекаат и цупкаат да отвори билетарата, изгледа е време-пауза.
Среќа е сончев денот па празнинава не добива на значење.
Стварно личиме и се однесуваме ко заборавен источноевропски провинциски град од пред 40-50 години, пишува Мицковски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.