Кој е „Лудиот“ кој Аргентина го избра за претседател?

November 20, 2023
1 min read

Економист, радио водител, во младоста фудбалер и член на рок бенд кој преработува песни од Стонси, тренер по тантрички секс, човек кој телепатски одржува контакт со своето умрено куче…. има уште доста да се каже за новиот аргентински претседател Хавие Милеи. 

Уште од младоста го имаат завикано „El Loco“ (Лудиот) и до сегашните 53 години, со ништо не покажал дека му треба нов прекар.

На политички план: самиот се нарекува анархо-капиталист, вети радикално укинување на многу министерства (10 од 18), палење на централната банка и доларизација на економијата бидејќи домашниот пезо постојано ја губи битката со инфлацијата, го мрази Папата, мрази комунисти, муабети за клима, абортус….

Главно запали кај младите и гневните ветувајќи им дека ќе дига политичари на клоци.

„Ако треба да бирам меѓу државата и мафијата, би ја избрал мафијата. Таа има кодекс, таа се прилагодува на состојбата, таа не лаже. И пред сè, мафијата се натпреварува со некого а државата е монопол“.

За реформите во владата вака:

За војната меѓу Израел и Хамас вака:

За радоста од победата вака:

Дома чува четири огромни мастифи од по стотина кила. Им дал имиња по десничарски економисти. Посебен однос има со своето умрено (2017 година) куче Конан (Варваринот) со кое тврди дека е во телепатски контакт. Никогаш женетиот Милеи на чуден начин е близок и со својата помала сестра Карина на која ѝ вети дека ќе ја прави прва дама во државата ако стане претседател.

На една дебата на која политички опонент му се обрати како на „бушав лик кој живее со осум кучиња и спие со сестра му,“ Милеи го реплицираше само ова: „Немам осум кучиња.“

Што се однесува до тантричкиот секс за  кој себеси се смета за инструктор, тврди дека може да има секс цели три месеци без да ејакулира.

Ех, кој не го може тоа на тие години.

 

 

 

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

107 години од раѓањето на Васил Куноски, еден од авторите на првиот Буквар на македонски јазик

Следно

На денот на гостувањето на Англија, Скопје личи на заборавен источноевропски провинциски град од пред 40-50 години

Latest from Blog

Божиновска: Рубинот како симбол за поврзување на науката и креативноста

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер, ја посетија работилницата за мозаик и рубин која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“.

Проданоски: Новата инфраструктура ќе ја зајакне економијата во Пелагонија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Битола оствари работна средба со Регионалните комори на Прилеп и Битола при Стопанска комора на Македонија, во рамки на состанокот на Управните одбори. На средбата

Стопанска банка Скопје (STB), Комерцијална банка Скопје (KMB) и Алкалоид Скопје (ALK) со најголем промет, МБИ10 се намали на 9.928,02 поени (-0,31%)

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На сесијата од 16.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.928,02 поени и забележа пад од 0,31%, односно 30,51 поени, додека

Diners Club ги менува правилата на играта: Пристигна Diners One, првата кредитна картичка со „нула денари“ членарина засекогаш

Во свет каде што финансиската транспарентност станува валута сама по себе, Diners Club Македонија го лансираше својот најнов производ кој ветува дека ќе го редефинира односот на потрошувачите кон кредитните картички. Diners
Go toTop