Светски ден на детето: Во 21 часот светилките ќе трепкаат за децата во Палестина

1 min read

АНКАРА (АА) – По повод 20 ноември – Светски ден на детето, светилките во 21 часот ќе трепкаат за правата на децата во Газа и низ Палестина, пренесува Анадолу.

Хуманитарната платформа во Анкара соопшти дека во 21 часот во земјата и надвор од Туркије ќе се организира активност со трепкање на светилките за децата во Газа, во рамките на кампањата „Направи нешто“ (Do Something).

„Четириесет и четврти ден од израелскиот масакр во Газа. Над 13.000 цивили од Газа загинаа во нападите на Израел, кои се регистрирани како воено злосторство. Меѓу нив има илјадници деца и бебиња“, се вели во соопштението на оваа платформа.

Се нагласува дека по повод 20 ноември – Светски ден на детето е започната кампања за подигнување на свеста со слоганот „Направи нешто“.

„Во рамките на кампањата, која планираме да ја продолжиме сѐ додека не се стави крај на масакрот врз децата извршен од страна на Израел, на 20 ноември во 21 часот во земјата и во странство ќе организираме активност за исклучување и вклучување на светилките. Наредните денови сакаме со слични активности да се создаде меѓународен јавен и глобален отпор против убивањето деца“, се додава во соопштението.

Исто така, содржините и визуелните материјали што ќе се создадат во текот на кампањата „Направи нешто“ (Do Something), на социјалните мрежи ќе бидат објавени со таговите #birşeyyap , #dosomething.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

На денот на гостувањето на Англија, Скопје личи на заборавен источноевропски провинциски град од пред 40-50 години

Следно

Десет дена не сообраќа возот Скопје – Битола и обратно

Latest from Blog