,,Отвори очи и со памет! Во сообраќајот не си сам” проект на Рудник САСА, Општина М.Каменица и МВР за поголема безбедност во сообраќајот

November 19, 2023
1 min read

реклама


По повод 19. Ноември, прогласен од Обединетите Нации за Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, рудникот за олово и цинк САСА, во партнерство со Општина Македонска Каменица и Министерството за внатрешни работи, започнува со реализација на проект за подигнување на јавната свест и зголемување на безбедноста во сообраќајот.  

Основен мотив за започнување на ваков проект, како што соопштија од Рудник САСА, е зголемениот број сообраќајни несреќи што се случија во изминатите неколку години во кои беа повредени или животот го загубија жители на Македонска Каменица, меѓу кои и вработени и членови на семејства на вработени во САСА.  

реклама

-Целиот проект се состои од три компоненти. Првата, чија реализација стартува од денеска, претставува информативна кампања што ќе се спроведува на територијата на општина Македонска Каменица, вклучувајќи го и рудникот САСА. 
Целта на кампањата, која е финансирана од САСА и ќе се одвива под слоганот „Отвори очи и со памет! Во сообраќајот не си сам“, е подигнување на јавната свест меѓу локалното население и вработените во САСА за зголемување на безбедноста во сообраќајот, истакнаа од Рудник САСА.

Втората компонента, појаснуват, има едукативен карактер и ќе се состои од серија работилници што ќе ги спроведуваат вработени во отсекот за превенција при СВР-Штип, а ќе бидат наменети за учениците во основното и средното училиште во Македонска Каменица, на возраст од 14 до 18 години, како и за вработените во САСА. 

реклама

-Целта на ваквите едукативни работилници е запознавање на младите жители од локалната заедница со сообраќајните правила и прописи, начинот на однесување и мерките што треба да ги преземат заради постигнување поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. Во рамки на третиот дел од проектот ќе бидат имплементирани нови технички решенија во делот на сообраќајната сигнализација на улиците и патиштата на територијата на општина Македонска Каменица, кои треба да придонесат за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, додадоа од Рудник САСА.

За реализација на оваа компонента, Општината, во соработка со надлежни институции, ќе изработи соодветен технички проект со кој треба да се идентификуваат критичните точки и да се предвидат соодветни решенија за подобрување на локалната сообраќајна инфраструктура.  

реклама

Во светски рамки 1,35 милиони луѓе годишно го губат животот во сообраќајни несреќи, а повеќе од половина од сите смртни случаи во сообраќајот се пешаци, велосипедисти и мотоциклисти. Повредите во сообраќајот на патиштата ширум светот се водечка причина за смртност кај децата и младите на возраст од 5 до 29 години.  Во изминатите нешто повеќе од пет години, на територијата на општина Македонска Каменица, во просек се регистрираат речиси по две сообраќајни незгоди месечно и по една жртва годишно.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во израелски напад ранет камерманот на АА, загинаа неговите мајка, татко и браќата

Следно

Човечка чистка кај вештачката интелигенција

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.

Коста Хиохи на чело на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Коста Хиохи, спортски визионер, професор и долгогодишен активист, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за претстојните локални избори. „Горд сум што имам чест да предводам листа составена од
Go toTop