Увидот во супервештачењата за „Ласкарци“ ќе се одржи на 26 јануари

January 24, 2023
1 min read

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи расправата за случајот „Ласкарци“. На денешното рочиште судот донесе решение, по дадена согласност на сите странки, поради економичност и целисходност на постапка, сите досега изведени докази да се прочитаат и постапката да продолжи со увид во супервештачењата, предвиден за наредното рочиште.

За наредното рочиште, закажано за 26 јануари, е предвидено да се изврши увид во две супервештачења изготвени од два тима на машински и сообраќајни инженери.

На изминатото рочиште пристигна вештиот наод од Бирото за вештачење и истиот им беше доставен на обвинителот и обвинетите преку нивните бранители.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, а Техничкиот факултет во Битола, своевремено, дополнително извести и дека го вратиле предметот бидејќи нивните лиценцирани вештаци за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила. Од Кривичен, потоа, информираа дека контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје, од каде што биле известени дека тие немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои не учествувале во претходните вештачења. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Калифорнија: Трета масовна пукотница за три дена, едно лице убиено

Следно

Сараево меѓу најзагадените градови во светот

Latest from Blog

ЛШ: Сити ја продлабочи кризата на Реал, Арсенал не знае за пораз, ПСЖ остана без муниција (ВИДЕО)

ВО големата пресметка и дербито на колото во Лигата на шампионите, Манчестер Сити славеше во мадрид против реал со 1.2 и ја продлабочи кризата кај „кралевите“. Иако почнаа добро и поведоа со

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела. „Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија
Go toTop