Ја испушта ли Македонија шансата за ЕУ? – Османи: Со име и презиме да се каже секој оној кој го кочи ЕУ процесот

November 15, 2023
1 min read

реклама


На само еден месец пред одржувањето на Европскиот совет на која Македонија треба да ја испорача обврската за уставните измени и со тоа да го продолжи патот кон Европската унија, министерот за надворешни работи Бујар Османи не сакаше да каже дека земјава ја испушта шансата за преговорите со Европската унија и вели дека за ова ќе работи до последен момент. Вината за блокадата директно ја насочи кон опозицијата и рече дека кон тие пратеници кои нема да ја дадат поддршката за уставните измени ќе биде вперен прстот и ќе бидат посочени со име и презиме.

„Јас не можам од сега да кажам дека ја пропуштаме шансата. Јас мислам дека треба да работиме, како што реков до последниот здив, до последниот камен кој што е пред нас за да ги направиме уставните измени и да фатиме исчекор со оваа шанса. Но ако не успееме ќе треба со име и презиме да ги кажеме тие што ја загрозуваат европската иднина, што го кочат просперитетот на оваа држава, што ги кочат реформите, што го кочат владеењето на правото, што го кочат животниот стандард на граѓаните и ги тераат да заминат надвор од Република Северна Македонија. Тие луѓе со име и презиме ќе треба да бидат спомнувани во јавноста“, вели Бујар Османи.

реклама

За најновата провокација од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова  која вели дека македонскиот идентитет се градел на антибугарска основа, како и на последното соопштение на нејзиниот говор објавено на веб страната на претседателот каде не нарекува таканаречена   македонската нација, министерот Османи ја осуди но нема намера да упати нота за таквиот однос.

„Одредени политички актери се обидуваа ова прашање да го користат за добивање политички поени, за жал потпретседателката што ја спомнавте предничеше во една таква кампања против Република Северна Македонија и против македонскиот народ во обид да си создаде сопствен политички профил. Можам само да го осудам таквиот начин кој што не носи добри ниту на Република Бугарија, ниту на односите помеѓу нашите две држави“, вели Бујар Османи.

реклама

Османи ваквите ставови ги соопшти по средбата со романската министерка за надворешни работи  Луминица Одобеску. За разлика од бугарската политика кон нашата земја, романската министерка рече дека во Романија се дава значење на македонскиот јазик, додека во Македонија се негуваат традициите на романската заедница.

„Ние ќе го промовираме македонскиот јазик во Романија и обратно романскиот јазик ќе биде промовиран во Македонија. На 8 декември секоја година го славиме Денот на македонскиот јазик во согласност со законот кој што романскиот парламент го донесе 2018 година“, вели Луминица Одобеску.

реклама

Одобеску рече дека Романија ја поддржува Македонија за членство во Европската унија и се надева дека наскоро ќе биде исполнета целта во евроинтеграцискиот процес.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на руската дипломатија Лавров: Формирањето палестинска држава е неизбежно

Следно

Османи: На Македонците во Албанија никој не може да им прави притисок за тоа како ќе се изјаснат на пописот

Latest from Blog

Милан има нов напаѓач

Екипата на Милан успеа да го обезбеди на позајмица во моментов играчот на англискиот Вест Хем, германскиот интернационалец, Никлас Филкруг. Договорот, е сите трошоци на име на плата на напаѓачот да ги
Go toTop