Концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ на ФМУ

November 15, 2023
1 min read

Во четврток, на 16 ноември, на Факултатот за музичка уметност, во рамки на Есенски музички свечености ќе се одржи концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ.

Владимир Домазетовиќ основното музичко образование го стекнал во Бар, а потоа се запишал во класата на професорот Слава Габријелов, со кого, според неговите зборови, стекнал значително искуство во интерпретација на пијано. Се запишал на Музичката академија во Титоград како најмлад студент во тоа време на Универзитетот во Црна Гора. Студирал и магистрирал на музичката академија во Цетиње во класата на професорот В. Бочкарјов, а специјалистичките студии ги завршил во Париз на Високата школа Alfred Cortot во класата на професорот Маријан Рибички каде се стекнал со диплома на пијанист – изведувач. Тој е лауреат на републички и сојузни натпревари на поранешна Југославија. На шеснаесет години е победник на Првиот меѓународен натпревар по пијано во Нови Сад и со тоа влезе во кругот на најуспешните млади пијанисти на поранешна СФРЈ. Добитник е на втора награда на Меѓународниот натпревар во Рим (1993) и бил финалист на престижниот натпревар по пијано во Сенигалија (1994). Неколкупати настапувал на фестивалите Барски љетопис, Град театар-Будва, Еспресиво, Денови на музиката, Монтенегро музички фестивал, Номус, Нимус, Бемус и многу други. Имаше забележителни настапи низ Европа и снимаше за неколку телевизиски и радио станици. Во Париз неколку пати настапуваше во престижната сала Alfred Cortot , како и во Полската амбасада и Југословенскиот културен центар, а сними и одредени дела за телевизијата Арте.

Неговите настапи редовно се проследени со исклучителна музичка критика. Забележителни настапи со еминентни оркестри како што се: Симфонискиот оркестар РТВЦГ, Белградската филхармонија, оркестарот Virtuosi di Praga и италијанскиот Mitteleuropa оркестар. Покрај самостојните настапи, тој изведе серија успешни концерти интерпретирајќи камерна музика како член на пијано трио со В.Кленковски (кларинет) и К.Станковиќ (виолончело). Посетувал семинари на познати педагози по пијано како Константин Богино, Жан Фасина, Жак Рувие и Владимир Виардо, со кои одржувал менторска соработка.

За неговите достигнувања на полето на уметноста добива високи општествени награди кои му ги врачија Центарот за современа уметност Подгорица, Општинското собрание на Бар и Црногорската академија на науките и уметностите. Тој е вонреден професор на Музичката академија во Цетиње.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈО: Министерството за правда ги објави своите поединечни забелешки за извештајот за работата на ЈО 2022 година, без да ги достави до обвинителството

Следно

Шефот на СЗО: „Извештаите за упадот на израелската Армија во болницата Ал-Шифа се длабоко загрижувачки“

Latest from Blog

ВЛЕН: Со шест министри ќе го продолжиме мандатот со уште посилно темпо

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека по изгласувањето на реконструкцијата на Владата, влегува во нова фаза на владеење со засилена одговорност и шест министерски ресори. Од партијата истакнуваат дека реконструкцијата претставува потврда дека

Емиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице

Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат. Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат
Go toTop