Косовски аналитичари: Откако Вучиќ навести дека го прифаќа европскиот план, на потег е Курти

January 24, 2023
1 min read

Според аналитичарот Астрит Гаши, Србија ќе го прифати секој план што не значи официјално признавање на Косово

Косовскиот политички аналитичари оценија дека српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа навести дека ќе го прифати германско-францускиот план и оти сега на потег е премиерот на Косово, Албин Курти, објави БЕТА.

Аналитичарот Или Хоџа за ТВ Дукаџини изјави дека Курти тешко ќе го отфрли формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) по евентуалното прифаќање на француско-германскиот план од страна на Вучиќ.

„Ќе биде многу тешко Курти да ја одбие Заедницата. За да се надмине оваа ситуација, треба да има дијалог со политичките актери на Косово или да одиме на нови парламентарни избори“,

истакна Хоџа.

Според аналитичарот Астрит Гаши, Србија ќе го прифати секој план што не значи официјално признавање на Косово.

„Топката е кај премиер Албин Курти. Курти е во проблематична ситуација. Доколку не успее да ги убеди посредниците во своите постапки, тоа ќе се смета за нарушување на мирот. Со оваа акција Србија ја смени играта“,

наведе Гаши.

Поранешниот косовски министер Дардан Гаши посочи дека Вучиќ го подготвува патот за прифаќање на француско-германскиот план.

„Она што го направи Вучиќ е интересен потег на Србија што го става Курти во тешка ситуација“,

истакна Гаши, додавајќи оти ако Србија го потпише документот, тогаш петте земји-членки на ЕУ нема да имаат причина да не го признаат Косово.

Аналитичарот Дибран Хоџа изјави дека по последниот потег на Србија претстојат тешки денови за Косово.

„Ако ја формираме Заедницата и не добиеме директно признавање од Србија, тогаш што сме добиле? Каква гаранција имаме дека ако прифатиме формирање на ЗСО, ќе има конечен договор“,

додаде Хоџа.

Аналитичарот Исмаил Ташоли оцени дека и Косово и Србија веќе го прифатиле француско-германскиот план.

„Во принцип, двајцата лидери веќе го прифатија француско-германскиот план. Но и овој план има многу непознати. Најпрво се зборуваше дека тоа е европски план. Дотогаш се зборуваше и дека тоа е американски план. Курти и ЗСО се на еднонасочна улица. Ќе излезе повреден дали ќе прифати или не. Ако го потпише ќе одговара. Ако не потпишат пак, ќе има политички проблеми“,

истакна Ташоли.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Арсенал ја засили дефанзивата со Јакуб Кивиор

Следно

Заменик-шефот на администрацијата на претседателот на Украина поднесе оставка

Latest from Blog

Омерагиќ горд на младите фудбалери по двојната победа над БиХ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, им упати честитки на младите репрезентативци до 19 години за двете победи против селекцијата на Босна и Херцеговина. „Пет победи во низа за младите

Коњановски во центарот на градот со кампањата „Предложи идеја“

На Широк Сокак, во центарот на Битола, градоначалникот Тони Коњановски ја продолжи кампањата „Предложи идеја“, чија цел е граѓаните директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобра иднина на општината.

Инфлуенсер објави снимка од крвава борба со крокодил, му се заканува голема казна (ВИДЕО)

Холстон објави видео од неговата средба со крокодилот, што предизвика осуда од локалните групи за права на животните. Драматична борба во плитките води Во видеото објавено во четврток, 4 септември, Холстон прво го

Донарума остана без својата „99-ка“, не можеше да ја земе ниту „единицата“

Фото: Манчестер Сити/Твитер Најдобриот италијански голман, Џанлуиџи Донарума, потпиша договор со Манчестер Сити на последниот ден од преодниот рок. По потпишувањето, тој се соочи со мал проблем при изборот на бројот што
Go toTop