Агелер: Силно верувам дека никој, ниту функционер ниту поединец, не треба да ги напаѓа медиумите или пак некој новинар конкретно

January 23, 2023
1 min read

Слободата на медиумите е многу важна за секоја земја. Тоа е еден од нашите најзначајни приоритети. Силно верувам дека никој, ниту функционер ниту поединец, но особено функционерите, не треба да ги напаѓаат медиумите или пак некој новинар конкретно. Искрено, мислам дека тоа е опасно. Мислам дека тоа не е соодветно, нагласи вечерва амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер.

Таа, во интервју за ТВ „Телма“, одговарајќи на прашање во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, со која телевизијата ја етикетираше како „непријател на Албанците“, а премиерот Димитар Ковачевски наместо да го осуди таквиот напад ја критикуваше уредувачката политика на ТВ „Телма“, посочи дека верува во тоа дека постои еден вид на „општествен договор“ со одговорните новинари.

– Медиумите на пример, може да имаат одредени погледи или поединечно новинарите може да имаат одредени ставови. Многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон избраните функционери. Всушност тоа е и нивната улога, во голем број на случаи. Да ја алармираат јавноста ако постои загриженост за Владата или опозицијата или кој и да е друг. Но, исто така е суштински важен, е тоа да биде направено на начин кој не е личен напад на поединецот. Дека целта е да се обезбедат информации за јавноста, со цел тие да можат да донесат одлуки кога ќе гласаат или ќе им одговорат на избраните функционери за своите цели. Значи луѓето да ги добиваат информациите кои им се потребни, рече Агелер.

Амбасадорката додаде дека луѓето се критикуваат за работи кои можеби и не знаат дека згрешиле.

– Но тоа се прави на начин, кој не е едноставно напад врз поединците. Без разлика дали тоа доаѓа од избраните функционери или новинарите, мислам дека е важно да постои таа рамнотежа. И тоа да се прави на еден фер начин, истакна Агелер.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Руската разузнавачка служба стои зад структурите во Бугарија кои вршат антидржавна кампања кон С Македонија  

Следно

Вучиќ: Планот за Косово е прифатен од цела ЕУ, ако не соработуваме, евроинтеграциите ќе бидат прекинати и инвестициите ќе се повлечат

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop