Кремљ му се заканува на Западот: Ако испратите тенкови, украинскиот народ ќе ја плати цената

January 23, 2023
1 min read

Берлин соопшти дека брзо ќе им дозволи на сојузниците да ги испратат своите леопарди во Украина доколку се постигне консензус, но дури и тоа не е сигурно

Кремљ соопшти дека украинскиот народ ќе страда ако Западот испрати тенкови во Киев. На состанокот во Германија минатата недела, САД и нивните сојузници не успеаја да го убедат Берлин да дозволи испраќање тенкови „леопард“ во Украина, клучно барање од Киев, кој сака да даде нов моментум на борбата против руските сили.

Берлин соопшти дека брзо ќе им дозволи на сојузниците да ги испратат своите леопарди во Украина доколку се постигне консензус, но дури и тоа не е сигурно. Запрашан за тоа на дневниот брифинг во понеделникот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека поделбите во Европа околу испраќањето тенкови во Киев покажуваат растечка „нервоза“ во НАТО.

„Но, се разбира, земјите кои учествуваат, директно или индиректно, во испраќањето оружје во Украина и подигнувањето на нејзиното технолошко ниво сносат одговорност (за продолжување на конфликтот). Заклучокот е дека украинскиот народ е тој што ќе ја плати цената за сета оваа псевдоподдршка“,

рече тој.

Полскиот премиер Матеус Моравјецки претходно денеска изјави дека неговата земја може да испрати тенкови Леопард во Украина како дел од коалицијата на земји и без германска дозвола. Германија нема да застане на патот доколку Полска ги испрати своите тенкови Леопард 2 во Украина, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во интервју за францускиот телевизиски канал ЛЦИ во неделата.ж

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре и задутре минирање во скопско

Следно

ДОКОЛКУ СЕ ТРЕСАТ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ – еве што ќе се случува утре и задутре, не се плашете ниту од звукот!

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop