Што е што и кој е каде?

October 18, 2023
4 mins read

Дури и површен поглед на мапата е доволен за да се сфати безизлезната положба на Палестинците во појасот Газа: тесен, на еден дел проширен правоаголник, набиен меѓу Израел, Средоземното Море и Египет.

Таа територија беше под управа на Египет до 1947 година, но не и нејзин составен дел. Градот Газа, по кој копното што се протега долж морето во форма на појас го добило своето име, уште пред нашата ера бил важно пристаниште и центар на прекуокеанската трговија. Минувал низ турбулентна историја, паѓал под разни царства. После Првата светска војна, со одлука на Друштвото на народите, доделен е на Палестинците, а под мандат на Велика Британија.

Драматичниот пресврт, кој беше вовед во денешната ситуација, дојде на 5 јуни 1967 година, кога Израел од „превентивно-безбедносни“ причини воено ги нападна Египет, Сирија и Јордан и – ги прегази. Операцијата се нарекува Шестдневната војна бидејќи заврши веќе на 10 јуни.

Израел тогаш ги зазема – арапски: ги окупираше – Голанската висорамнина, Источен Ерусалим, Западниот Брег и Синајскиот Полуостров, на чиј североисточен крај се наоѓа појасот Газа. Со мировни преговори, Синај беше вратен на Египет, но Израел ја задржа Газа.

НАЈГОЛЕМИОТ ЗАТВОР НА СВЕТОТ

Тоа парче земја е долго 40 километри, а на места широко само 6 километри. Најширокиот дел е 14 километри. Се граничи со Израел на север и исток 51 километар, а со Египет само 11 км на југ. Брегот е контролиран од израелската морнарица. Населението не може слободно да излезе надвор од исцртаните граници, затоа Газа ја нарекуваат и „најголемиот затвор на светот“. Позицијата на Палестинците таму е безнадежна, нивниот живот е обележан со конфликти, војни, насилство, сиромаштија и разочарани очекувања. Снабдувањето со електрична енергија, гориво, вода и храна зависи од добрата волја на Израел. Не е ни чудо што Газа е плодна почва за екстремистичка, анти-израелска идеологија – за Хамас.

ОСНОВАЊЕ НА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА

Палестинската држава беше прогласена на 15 ноември 1988 година во Алжир од страна на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), чиј основач и претседател беше Јасер Арафат. Требаше да ги вклучи појасот Газа, Западниот Брег и источен Ерусалим. Палестинската држава во овој формат ја признаа 138 земји, но некои важни не ја признаа, иако одржуваат дипломатски односи со палестинската управа. Меѓу појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим нема копнени врски, секој премин мора да биде одобрен од израелските сили, контролата е драстична. На почетокот, водечка партија беше Фатах на Јасер Арафат. Тој склучи мир со Израел, за што, со Шимон Перез и Јицак Рабин добија Нобеловата награда за мир во 1994 година. Се роди трошка надеж меѓу Палестинците.

Во тоа време, во појасот Газа редовни е прогонството на малубројните Евреи, претежно ултра-религиозни но и мирољубиви луѓе кои се занимаваа главно со одгледување лалиња за извоз. Во 2005 година, израелскиот премиер Ариел Шарон издаде наредба сите Евреи да го напуштат појасот Газа поради политички и безбедносни причини. Многумина се спротивставија на таа одлука, но, на крајот, израелската војска насилно ги одведе во Израел и им ги сруши сите куќи. Синагогите не беа рушени, бидејќи Евреин не смее да го оштети местото за богослужба. Ама затоа нив ги срушија Палестинците. Денес нема ни траг од еврејско присуство во појасот Газа. Арафат умре, Фатах продолжи да владее во делови на Западниот Брег, но жителите на Газа со големо мнозинство гласаа за милитантната организација Хамас. Доста им беше од вечни ветувања дека еден ден ќе биде подобро.

КОНФЛИКТОТ НА ХАМАС И ФАТАХ

Хамас е основан од палестински бегалци како движење на отпорот против Израел. Во неговата програма, крајна цел е уништување на Израел, бидејќи Палестина треба да ја вклучи целата територија на еврејската држава. Во 2006 година Хамас победи на изборите во Газа. Претседателот на Фатах и ​​на палестинската управа на Западниот Брег, Махмуд Абас, со целосна поддршка од Запад, не ја призна нивната победа, ама џабе, радикалниот Хамас суверено владее со Газа од 2007 година. Палестинскиот претседател таму практично нема никаков легитимитет. Мировниот процес за кој се залагаше Абас одамна е мртов. Единствено не се знае кој е повеќе заглавен во корупција, дали функционерите на Абас или оние на Хамас. Авторитетот на Абас опадна и поради зголеменото насилство на еврејските доселеници на Западниот Брег со кои Израел систематски го населува тој дел. Од почетокот на годината израелските безбедносни сили убиле 34 палестински деца и млади момчиња, пишува „Шпигел“. Израелските доселеници палат палестински населби и ги бркаата Палестинците од нивните домови. Но, ни Хамас не постигна ништо во Газа изминатите 17 години. Ниту со ракетни напади, ниту со индиректно посредство на Египет и Катар, не се избори за деблокирање на оваа територија. Социјалната и економската состојба се влошуваше, а меѓународната хуманитарна помош се трпаше по приватни џебови. Незадоволството кај луѓето растеше, протестите беа насочени не само против Израел, туку и против Хамас.

А потоа во саботата, 7 октомври, вооружени единици на Хамас ја нападнаа израелската територија, извршија вистински масакр и киднапираа околу стотина Израелци. Копнената акција беше проследена со напад на илјадници ракети. Хамас, за разлика од Фатах на Абас, се претстави како единствена сила подготвена да се спротивстави на „апартхејдот“ на Израел. Владата на Бенјамин Нетанјаху прогласи воена состојба и најави „уништување“ на Хамас.

ЗАПАДНИОТ БРЕГ

Од 1967 година, Западниот Брег е под воена администрација на Израел, а од 1994 година, делови од него се под контрола на палестинските власти. Од околу три милиони жители, околу 430.000 се Евреи кои живеат во приближно 213 населби и на 132 истурени позиции. Одвреме-навреме има крвави конфронтации меѓу Израелците и Палестинците. Минатата година беа убиени најмногу Палестинци од последната Интифада во 2000 година (палестински бунт против израелската окупација на Западниот Брег и Источен Ерусалим). Околу 140 Палестинци беа убиени во акциите на израелските безбедносни сили и во судирите со Евреите а во палестинските напади загинаа повеќе од 20 Израелци. Активистите за човекови права ги документираа упадите на израелските специјални сили во палестинските градови.

По крвавите акции на Хамас и бруталниот одговор на Израел, кој по сè изгледа ќе ги надмине сите претходни по бројот на палестински цивилни жртви и уништување во Газа, големо безбедносно прашање за Израел е дали гневот на Палестинците во Западниот Брег и Источен Ерусалим поради страдањата на нивните сонародници во Газа ќе препрасне во трета Интифада.

* извор

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мира Гаќина, директорката на МСУ си поднесе оставка

Следно

Нема оправдување за напад на болница полна со цивили, осуда на Фон дер Лајен за злосторството во Газа

Latest from Blog

Во македонскиот КИЦ во Загреб ќе се претстават етно групата „Баклава“ и македонскиот рубин

Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб во среда, 23-ти април загребската публика ќе има ексклузивна можност да проследи уникатен мултимедијален културен настан во рамките на кој ќе биде отворена изложбата „Македонскиот

Собранието ги усвои измените на Законот за медиуми: Нови услови за интернет-порталите

Со 69 гласа „за“ и поддршка од 15 пратеници од немнозинските заедници, Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за медиуми. Новините се однесуваат првенствено на регулирање на интернет-порталите, кои

Палестинскиот премиер го осуди убивањето на над 50.000 Палестинци во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф остро го осуди бруталното убивање на над 50.000 невини Палестинци за време на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во главниот град Анкара,

Атанасовска во Аргумент плус: Проблемот со платите во култура е ист секоја година

Претседателката на Синдикатот на културни работници, Вера Атанасовска во Аргумент плус рече дека, проблемот со платите во културата е ист секоја година поради усогласувањето со зголемената минималната плата. Според неа, сега платите

Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски, осомничен за перење пари

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку
Go toTop