Во израелските напади на Газа досега загинаа 2.750 Палестинци

October 16, 2023
1 min read

АНКАРА/ГАЗА (АА) – Бројот на Палестинци убиени во израелските воздушни напади во Газа се искачи на 2.750, соопшти Министерството за здравство со седиште во Газа, пренесува Анадолу.

Бројот на ранети се искачи на 9.700, додаде Министерството.

Во претходната изјава Министерството рече дека над 750 деца се меѓу убиените во израелските напади.

Здравствените власти, исто така, соопштија дека има 58 жртви на Западниот Брег и најмалку 1.250 повредени.

Минатиот викенд, во драматичната ескалација на тензиите на Блискиот Исток, израелските сили започнаа постојан воен притисок врз Појасот Газа, како одговор на воената офанзива на палестинската група Хамас на израелските територии.

Конфликтот започна кога Хамас ја иницираше операцијата „Поплава Ал Акса“ против Израел, ненадеен напад од повеќе страни, вклучително и лансирање ракети и инфилтрации во Израел преку копно, море и воздух.

Хамас рече дека операцијата е одмазда за упадот во џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и за зголеменото насилство на израелските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ против позиции на Хамас во Појасот Газа.

Одговорот на Израел се прошири на прекинување на снабдувањето со вода и електрична енергија на Газа, дополнително влошување на условите за живот во област што е под опсада од 2007 година, како и наредба на повеќе од еден милион жители на Газа во северниот појас да се евакуираат во јужниот регион.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски во Тирана на Самитот на лидери на Берлинскиот процес

Следно

ЕСМ: Поради дефект прекин во испораката на топлинска енергија во дел од Кисела Вода

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop