Мицкоски: Оптимизмот на Ковачевски за уставни измени е политикантство, прифаќаме да се договори датум за избори во Собрание

October 14, 2023
2 mins read

реклама


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го оценува како политикантство ставот на премиерот Димитар Ковачевски дека треба да се остави простор за уставните измени за кои вели дека нема да се случат и во иднина доколку не се променат околностите односно, како што посочува, „бугарскиот дикат“.

За ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави денеска Мицкоски, е прифатливо да се договори датум за избори во Собранието.

реклама

-Уставни измени под бугарски диктат ќе нема и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе биде влада доколку нема промена на околностите, ако не видиме некаков прогрес бидејќи сега целосно е  во насока на бугарските барања, ќе нема уставни измени, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања  при посетата на Штип, во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Според него, тоа што Ковачевски се уште остава простор и е оптимист дека ќе се соберат две третини за промена на Уставот е само политикантство.

реклама

-Тој негов оптимизам е за мене политикантсво, бидејќи на тој начин мисли ќе ги држи мобилизирани колку толку оние малкумина кои преостанаа во штабовите на СДСМ, дека еве само што не се случиле тие измени, рече Мицкоски.

Немаме намера, посочи Мицкоски, да влегуваме во партиска преписка за тоа дали треба лидерска средба или нема да има лидерска средба.

реклама

-Нема да влегуваме во менталниот склоп на фрустрирани луѓе, доколку ценат дека на тој начин ќе излеземе од потенцијалната политичка и уставна криза, нема проблем прифаќаме се и во Собрание нека биде, еве работни групи нека седнат нека разговараат, изјави Мицкоски.

Тој побара од Ковачевски да именува луѓе кои ќе бидат подготвени да разговараат за датумите за одржување на претседателски и парламентарни избори, бидејќи според него, „премиерот се однесува кукавички затоа што постојано бега од избори, лидерска средба и дуели“.

-Ако се плаши Ковачевски, барем од ова досега што го гледаме е докажан кукавица, бега од избори, бега од дуели, бега од новинарски прашања, континуирано бега од нешто. Ако тој се плаши нека именува луѓе кои се подготвени да седнат со луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и да разговараат, бидејќи за неколку месеци од денеска имаме два клучни процеси за иднината на Македонија, а тоа се претседателски и парламентарни избори, посочи Мицкоски. 

Одговарајќи на прашањето што му го упати претходно премиерот колку пати во последниве шест месеци раководството на ВМРО-ДПМНЕ барало и остварило средби со лидерот и високи функционери на ДУИ и за што разговарале на тие состаноци Мицкоски наведе дека немал ниту една средба со првиот човек на ДУИ. 

-Не знам, бидејќи тој поставува прашање претпоставувам тој го знае одговорот. Ниту една, ниту сум барал ниту имам намера да барам средба со лицето кое го споменува Ковачевски, јавно барам лидерска средба на која повеќе од три децении седнуваат сите претседатели на парламентарни политички партии и договараат датуми за избори, рече Мицкоски. 

Тој смета дека премиерот Ковачевски треба да го разреши вицепремиерот Фатмир Битиќи за ситуацијата при вчерашната прес-конференција во Скопје кога вицепремиерот ги напушти изјавите откако новинар го праша премиерот „Дали остануваат на ставот дека нема да има заедно парламентарни и претседателски избори и дали се подготвени како влада, ако не успеат изборите целата држава да биде во рацете на политичката партија ДУИ“.

Според Мицкоски, СДСМ да се огради од постапката на Битиќи која, како што наведе, е лоша пракса како треба да се однесуваат политичарите.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција: Забранети демонстрациите во Париз за солидарност со Палестинците

Следно

Мицкоски: Штип ќе добие обиколница, проектот е изготвен од страна на општината

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop