Српска листа порача дека е подготвена да учествува на изборите на северот на Косово

October 13, 2023
2 mins read

ПРИШТИНА (АА) – Лидерите на Српската листа денес изјавија дека се подготвени да учествуваат на изборите на северот на Косово, откако српскиот претседател Александар Вучиќ повика во што пократок рок да ги организираат изборите во четирите општини во северниот дел на Косово, јавува Анадолу.

Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ денес ја повика Владата на Косово што поскоро да распише избори за нови градоначалници и советници на општинските собранија на северниот дел од земјата. Ракиќ на прес-конференцијата рече дека е потребно албанските градоначалници и советници веднаш да поднесат оставки и да си заминат, бидејќи тие не се претставници на српскиот народ.

„Морам да кажам дека и овој пат ќе го послушаме советот на нашиот претседател Александар Вучиќ и од ова место испраќаме порака дека сме подготвени да учествуваме на изборите за градоначалници и советници на четирите општини на северот и на овој начин ќе поттикнеме политички процес и дијалог кој би довел до исполнување на нашите услови, кои досега неколкупати ги потенциравме“, рече Ракиќ.

Ракиќ додаде дека Српска листа со повлекувањето од косовските институции успеала да го привлече вниманието на светската јавност дека Косово не е решено прашање, дека српскиот народ страда и дека е неопходно да се формира Заедница на општини со српско мнозинство.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера во гостувањето на ТВ Прва рече дека испраќа барање до Србите од Косово „да излезат со иницијативи за што побрзо организирање на изборите на северот на Косово“, иако не беше прецизирано какви би можеле да бидат тие иницијативи.

Претходно, министерот на администрацијата за локална самоуправа на Косово, Елберт Красниќи, изјави дека за да се одржат избори на северот на Косово, мора да се преиспита ситуацијата по нападот на 24 септември во Бањска. Красниќи рече дека Владата на Косово презела чекори за одржување предвремени избори во четири општини на северот на Косово, како што се обврза со договорот со ЕУ во Братислава во средината на јули.

Тој наведе дека е изготвено административно упатство со кое им се отвора патот на граѓаните демократски да иницираат промена на градоначалникот, а присуството на косовската полиција во и околу општинските згради на северот е двапати намалено по 25 отсто.

Красниќи оцени дека казнените мерки на ЕУ против Косово биле и остануваат неправедни, бидејќи Косово презело чекори за деескалација на ситуацијата на северот на земјата, додека Србија испратила група терористи да го анектираат северот на Косово.

Србите од северот на Косово на почетокот на ноември ги напуштија косовските институции поради одлуката на Владата на Косово за задолжителна пререгистрација на возилата од старите српски (КМ) на легалните косовски таблички (РКС). Поради високите тензии, меѓународната заедница издејствува најпрво одложување на примената на санкциите за нерегистрирани возила, а потоа и одложување на локалните избори распишани за декември. Сепак, Србите ги бојкотираа изборите одржани во април годинава, барајќи ослободување на уапсените Срби и формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.

На изборите во април победија градоначалници, кандидати на албанските партии, кои кон крајот на мај влегоа во општинските згради со помош на косовската полиција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битиќи се налути од прашањето за Ковачевски дали ќе ги бојкотираат претседателските избори

Следно

„Меѓународен аеродром Скопје“: На лет за Цирих во куфер пронајден пиштол

Latest from Blog

Експедицијата на Сенегал на Мундијалот предизвикала сексуален скандал!!!

Фудбалската репрезентација на Сенегал од едно од потенцијалните изненадувања на тековниот Мундијал се претвори во дувло на скандали кои ја шокираат јавноста. По она дека репрезентативците тотално биле оставени сами на себе,

УНГАРИЈА ПРЕД УСТАВНА КРИЗА – Новиот премиер му се закани на претседателот со итен импичмент!

Унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот со кој се прекинува мандатот на претседателот на државата, Тамаш Шујок. Новата власт предводена од премиерот Петер Маѓар го смета претседателот за еден од

Сали присуствуваше на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на претседателот на Француската

Проданоски: Жртвата на хероите од Ножот е темел на нашиот непокор и достоинство

По повод 119 години од Битката на Ножот, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за сеќавање на македонските револуционери кои ги положиле своите животи во една од најзначајните битки од

Општина Прилеп ги поканува граѓаните на фудбалска вечер на Камена Бина

Општина Прилеп ги поканува сите љубители на фудбалот вечерва да бидат дел од заедничкото следење на полуфиналниот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Шпанија. Натпреварот ќе се пренесува на голем екран на
Go toTop