Бојан Илкоски: Концертот во Филхармонија каде требаше да настапам како солист е откажан од непознати причини и без образложение од страна на новото раководство на институцијата, односно в.д. директорот Даниел Лазаровски

October 13, 2023
1 min read

Драги пријатели и сите оние кои ја следат мојата работа како музичар и виолинист, би сакал да споделам со Вас дека концертот на 30.11.2023, каде требаше да настапам како солист со моите колеги од Македонската Филхармонија под диригентство на маестро Сашо Татарчевски Е ОТКАЖАН од засега непознати причини и без никакво образложение од страна на новото раководство на институцијата, односно в.д. директорот Даниел Лазаровски, пишува виолинистот Бојан Илкоски во своето отворено писмо испратено до медиумите.

Овој концерт се планира од месец Јуни 2022 година, а ги помина филтрите на претходниот Управен одбор, Комисиите на Министерство за Култура кои одлучуваат за годишната програма, како и Уметничкиот одбор на Филхармонија, а за него се одобрени средства. Концертот беше објавен и рекламиран на веб страната на Филхармонија до завчера, па потоа од за мене непознати причини повлечен. Дополнително, би сакал да потенцирам дека концертот е отстранет од годишната програма без претходно одобрение од Управен Одбор на институцијата (кој всушност не ни постои во моментот на донесување на оваа одлука), што е показател за непрофесионално, противзаконско, неодговорно, несовесно и неетичко донесување на одлуката.
Она на што како уметник би се задржал и би го потенцирал е самата припрема за еден концерт: да се спреми концерт од ваков тип, од уметникот не само што изискува огромен труд и ангажман, многучасовна и повеќемесечна работа, туку и поесебен влог кој инволвира уметничка креација, психофизички, ментални и духовни подготовки. Да се концертира со симфониски оркестар е вистински раритет, Светот бележи уметници кои никогаш не успеале да настапат со оркестар токму поради сериозноста на професијата и уметничкото искуство кое се гради со години и не доаѓа преку ноќ. Па затоа, на еден уметник да му се ускрати веќе дадена шанса (поради лични преференци) и да му се уништи и обезвредни целиот труд не само што е непрофесионален, неодговорен, неетички подвиг, туку е и убиство на уметничкиот дух и дигнитет.
Јас и понатаму ќе продолжам да создавам и да ја промовирам македонската култура во Светот и дома, иако очигледно живеам во време во кое лесно им се дозволува на некадарни луѓе со малограѓански поглед кон професијата и Светот да ги газат и уништуваат вистинските вредности, пишува Илкоски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Важни совети да го подобрите вашето здравје пред забременување

Следно

Како израелската безбедносна машинерија не успеа да го спречи нападот на Хамас

Latest from Blog

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе
Go toTop