Тешко повреден шумски полицаец во Кавадарци

October 13, 2023
1 min read

реклама

Кавадарчанец, вработен како шумски полицаец, бил тешко повреден синоќа околу 23 часот на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци.

Од СВР Велес рекоа за МИА дека имаат регистрирано случај со повреден кавадарчанец, но повеќе детали најавија дополнително во текот на денот.

реклама

МИА се обрати и до кавадаречката Брза помош.

– Лицето се здобило со потешки телесни повреди, со три отворени рани на главата. Од кавадаречката болница, повредениот беше пренесен до Клиниката за неврохирургија во Скопје, заради крварење во главата, изјави доктор Ратко Грков, началник на Итна медицинска помош Кавадарци. 

реклама

Според првичните сознанија, полицаецот не бил на должност и веројатно бил претепан од лица кои претходно биле фатени во кражба на дрва. 

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска ги повика Палестинците да се преместат од северот на југот на Газа

Следно

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори, ќе победиме убедливо, подготвени сме за сите сценарија

Latest from Blog

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа
Go toTop