Изложба на дела од американскиoт филмски режисер Џон Џост во Центар Јадро

October 12, 2023
1 min read

В петок, на 13 октомври во 19.00 часот во КСП Центар Јадро ќе биде отворена изложбата на цртежи и акварели кои култниот американски, независен, филмски режисер, Џон Џост ги изработи за време на неговиот престој во Скопје.

Oд крајот на септември во КСП Центар-Јадро гостува култниот филмски режисер Џост. За време на својот престој во Јадро тој одржа филмска работилница „Learn everything there is to know from a real MoFo“. Кратките филмови, кои учесниците ги изработија со Џост ќе бидат проектирани на 13 октомври во 19 часот во КСП Центар-Јадро.

За своите цртежи Џон Џост вели:

Изложените акварели јас ги доживувам како експерименти. Не мислам дека тие се ‘уметност’, туку се можеби повеќе обид или проба што може да доведе до правење ‘уметност’.

Џон Џост е еден од најплодните и најзначајните американски независни филмски автори. Самоук е. Има снимено 41 долгометражен филм во периодот 1963-2013 година, како и повеќе од 30 краткометражни филма, кои сите ги има сам осмислено, напишано, снимено, режирано и монтирано; повеќето и продуцирано. Од 1996 година работи само во дигитално видео (DV и HD), завршувајќи 24 долгометражни и многу краткометражни дела, како и една голема инсталација на 7 екрани, TRINITY, претставена во ZKM, Карлсруе, Германија. Има изведено и неколку други инсталации што досега не биле јавно презентирани. Во јануари 1991 година во Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк е прикажана ретроспектива на неговото дотогашно творештво.

Два од неговите најпознати филмови се „Сите дела на Вермер во Њујорк“ (1990) и „Креветот во кој спиеш“ (1993). Неговиот долгометражен филм од 1977 година, „Последни песни за бавен танц“ е наведен во книгата „1001 филм што мора да ги погледнете пред да умрете“. Џост се занимава и со фотографија и сликарство и пишува и свири кантри вестерн песни.

Програмата е реализирана во соработка помеѓу КСП Центар-Јадро, MI Film&Theatre и Кинотека на Македонија, а е финансиски поддржана од Министерство за култура на РС Македонија.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Метеж во Тетово, пензионерите излегоа на протест

Следно

Како мајка и ќерка од С Македонија ја видоа војната во Израел во живо: Додека бомбите паѓаа, бегавме кон Тел Авив со последните шекели в рака

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop