Изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев во Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид

October 11, 2023
1 min read

Во организација на  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, а во соработка со Фото клубот „Охрид“ отворена е изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев од Кавадарци.

Настанот е во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание и борбата на македонскиот народ против фашизмот.

Чичкото и внукот Коцеви, првиот во зенитот на креативното творештво  а вториот на почетокот од можната блескава кариера во светот на уметничката фотографија  пред охридската јавност ќе се претстават со околу 15 фотографии преку кои ќе ја покажат убавината на нашата земја.

Изложбата за љубителите на уметноста ќе биде отворена до 16 октомври, секој работен ден од 9 до 14.00 часот.

created by dji camera

Тони Коцев роден 1971 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за филмски уметности на универзитетот ЕСРА, отсек Филмска и ТВ Камера Реализирал четири самостојни изложби и учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство,Франција, Шпанија, Србија, Шкотска, САД, Луксембург. Добитник е на “Диплома за експериментална фотографија” во Луксембург, најдобра фотографија на конкурс на Кодак во САД и неколку награди на државни изложби на фотографија. Како снимател и директор на фотографија работел на повеќе документарни и кратки играни филмови.

Ѓорѓи Коцев е роден на 10.12.1989 во Кавадарци. По завршувањето на средното образование во гимназијата “Добри Даскалов” во Кавадарци, продолжува на студии на Електротехничкиот Факултет при Универзитетот “Св. Kирил и Методиј ” во Скопје.  Првиот допир со основите на композицијата ги добива во текот на неговото работење како аниматор и композитинг артист во компанијата за визуелни ефекти “FX3X” во Скопје меѓутоа љубовта кон фотографијата се развива по посетата на фотографската школа “Бресон” во Кавадарци под водство на Тони Коцев. Се насочува кон пејзажна и архитектурна фотографија и има добиено неколку награди и признанија од Luxemburg Art Prize, ND Awards, International Photography Awards, Fotomedia, Денови на Македонската Фотографија и други.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Помина 1. октомври, училиштето во Визбегово не е во употреба! Јетон Шаќири го критикува Костовски за одолговлекување

Следно

Мизрахи: Ако од 2017-та медиумите реагирале, јавноста реагирала, како можело МВР да започне со некаква активност во септември 2023-та, вистината мора да излезе на виделина

Latest from Blog

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе
Go toTop