Честитка од Џафери по повод 11 Октомври: Сплотеност за стабилна иднина

October 11, 2023
1 min read

реклама

Претседателот на Собранието Талат Џафери го честита 11 Октомври – Денот на народното востание, повикувајќи на сплотеност и единственост во одбрана на достоинствениот и еднакво добар и квалитетен живот за сите, како и во одбрана на стабилната и сигурна иднина за идните поколенија.

-Денес, кога граѓаните на Република Северна Македонија, ги уживаат благодатите што ги нуди слободата и слободното изразување на мислите, ставовите и гледиштата, не можеме да ги пренебрегнеме жртвите, влогот и пред сѐ, идеалите што ги водеа сите тие знајни и незнајни јунаци кои во ниту еден миг не се двоумеа да застанат на вистинската страна, на страната на правдата, на страната на доброто наспроти злото. Со јасна цел пред себе, тргнаа во одлучна борба против фашизмот, против окупацијата, насилството, поделбите, понижувањето и дискриминацијата помеѓу луѓето. Таа битка се доби меѓутоа, за жал, битките секојдневно продолжуваат во други димензии од животот и предизвикот е секојдневно сѐ поголем. Ужасните вести што ги слушаме од блиските и далечните региони се аларм и потсетник дека мирот е кревок и треба да се негува, да се чува и штити, внатре и надвор. Секогаш сплотени и единствени, како граѓани и како човечки суштества, секогаш да застанеме во одбрана на достоинствениот и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Секогаш во одбрана на стабилната и сигурна иднина за идните поколенија. Драги граѓани, Ви посакувам да имате убав празничен ден!, наведува Џафери во честитката.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 8 новинари загинаа во израелските напади врз Газа

Следно

Експремиерот Емил Димитриев бил единствен кандидат на конкурсот за асистент на Филозофскиот факултет

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop