Прилепските пензионери на протест

October 9, 2023
1 min read

реклама

Прилепските пензионери денеска протестираа на излезот од Прилеп кај бензиската пумпа на Макпетрол, изразувајќи го незадоволството и од ставовите на Министерството за труд и социјална политика, воедно и на министерката Јованка Тренчевска, и од неприфаќањето за линеарно зголемување на пензиите.

-Револтирани сме, особено што може да се покачуваат платите на функционерите за 78 отсто, а нашето барање за линеарно покаќување било многу. Зошто не ги поделија линеарно овие 5,3 отсто, па сите да добијат исто. А не, оние со високи пензии по повеќе од 3000 денари, а ние по 600 денари, изјави пензионерот Крсте Бојоски.

реклама

Тој притоа повика да се слушне гласот на пензионерите, да се размисли и да се преземат мерки за подобар живот. 

– Во последен момент ни даваат 5,3 отсто зголемување, а претходно најавуваа повеќе од шест проценти. Се чувствуваме како да не третираат како невредни, рече пензионерката Наде Гаврилоска.

реклама

Пензионерите се револтирани од изјавите на министерката за труд и социјална политика дека за линеарно зголемување ќе се навредат дел пензионери. Нагласуваат дека не се откажуваат од протестите и ќе се обратат до амбасадите.

-Одиме до крај со протестите. Ќе се обратиме до странските амбасади и ќе бараме да не поддржат судентските здруженија, ече на протестот пензионерот Миле Велкоски.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Евакуирани се 20 македонски државјани, проценките се дека во Израел има од 100 до 200 наши граѓани

Следно

Џафери за законските рокови за изборите – доколку се одржат пред 5 мај, ќе се сметаат за предвремени

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop