МНР: Околу 200 македонски државјани се во Израел! 20 се враќаат дома!

October 8, 2023
1 min read

реклама

Во текот на денешниот ден, преку кризниот штаб во Министерството за надворешни работи, беа донесени неколку заклучоци и преземени неколку активности.

По вчерашните брутални напади од страна на Хамас на територијата на Израел, безбедносната состојба во државата, особено во деловите кои со во близина на Појасот Газа и пограничните делови со Либан, е сериозно влошена, и бројни наши граѓани се пријавија на телефоните во Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив и СОС телефоните во централа и побараа асистенција за нивна евакуација. Министерот Османи, во директна комуникација со неговиот израелски колега Ели Коен, изрази целосна осуда за нападите од страна на Хамас, како и поддршка за Израел.

реклама

Од пријавените граѓани, деветте туристи кои доаѓаат од Велес, и кои во комуникација со нашите колеги од Албанија беа прифатени во специјалниот лет на Владата на Албанија за евакуација од Тел Авив, наскоро очекуваме да слетаат во Тирана, од каде претставници од нашата амбасада ќе ги префрлат со организиран транспорт кон дома. Во оваа прилика изразуваме благодарност до колегите од Албанија, за брзата реакција и прифаќање на нашите државјани.

Претходно, седум наши државјани, туристи кои беа затечени во Витлеем, успешно ја поминаа границата со Јордан, каде беа прифатени од нашата почесна конзулка; сега се на безбедно и во наредните денови се очекува нивно упатување кон дома. Утрово, четворочлено семејство затекнато во Тел Авив, преку комерцијален лет се упати кон Истанбул, од каде исто така ќе го продолжи патувањето кон дома.

реклама

Амбасадата во Тел Авив останува во контакт со сите останати наши државјани кои се имаат пријавено и побарале асистенција при нивното напуштање на Израел. Меѓу нив се и 11 градежни работници кои се затечени во Рамала (Западен Брег).

Министерството за надворешни работи, преку Кризниот штаб и дипломатско-конзуларната мрежа, воспостави директна комуникација и координација со земјите од регионот на Блискиот исток и Југоисточна Европа, со цел искористување на сите расположливи летови и враќање на нашите државјани, за што е пратена и итна инструкција до дипломатско-конзуларната мрежа на Република Северна Македонија, во двата региона.

реклама

Според проценки на кризниот штаб, на територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани, кои ги очекуваме да се пријават, или да бидат пријавени од нивните блиски во начите контакт центри.

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378

Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx

Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Да нема дилема, за секој криминал кој ќе се докаже, ќе има одговорност

Следно

Ковачевски: Традициите се богатството на нашето мултиетничко и мултикултурно општество, наша обврска е да го чуваме, негуваме и промовираме

Latest from Blog

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи
Go toTop