Инженери изразија незадоволство од одлуката за доделување концесија за Чебрен

October 8, 2023
1 min read

реклама

Под мотото „Чебрен и водите мораат да бидат македонски“ денеска кај Камениот мост во Скопје претставници на Здружението на инженери изразија незадоволство од владината одлука за доделување на концесија за користење на водата на Црна Река за производство на електрична енергија на грчката компанија ППЦ „Архиродон“.

Професорот Константин Димитров во изјава за медиумите рече дека овој проект треба да го води државата, а не да се дава на која било друга држава.

реклама

– Или, ако веќе се прави партнерство, Македонија треба да биде најмалку 51 процент сопственик, да може да управува, да раководи и профитот од тоа сепак да остане, генерално, во Македонија, изјави Димитров.

Според инженерите, хидроцентралата „Чебрен“ е еден од најголемите и најважните енергетски проекти на државата и кога за четири години поради зелената транзиција треба да престанат да работат РЕК Осломеј и РЕК Битола, тогаш „Чебрен“ треба да и овозможи на државата енергетска независност.

реклама

– Велат дека таа хидроцентрала ќе се даде на 60 години на странски инвеститор на користење, а РЕК Битола сега има 40 и нешто години и веќе се случуваат многу големи хаварии, изјави Дениз Мустафаоглу, машински инженер.

Поддршка на денешниот собир даде политичката партија „Левица“ од каде побараа преиспитување и повлекување на владината одлука за концесијата за Чебрен.

реклама

– Чебрен треба да биде државен проект, а не да се подарува или распродава на странски интереси – бидејќи таа има стратешко значење за енергетската независност на Македонија и може да допринесе за остварување на домашните енергетски цели и потреби, се наведува во соопштението од Левица. 

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН ги повика страните на воздржаност поради ескалацијата на тензиите на израелско-либанската граница

Следно

Николоски: Најмалку пет земји членки на ЕУ сметаат дека Македонија не заслужува ниту почеток за преговори со ЕУ поради криминалната Влада на СДСМ и ДУИ

Latest from Blog

Полувреме: Ојарзабал од пенал за водство на “Фуријата“, “страшната“ Франција е непрепознатлива!(ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Франција – Шпанија 0:1 е резултатот по првото полувреме од првото полуфинале кое се игра во Далас. Се играше 20.минута кога Дињ го фаулираше Јамал за чист пенал за “Фуријата“. Ојарзабал

Норвешката принцеза доби трансплантација на бели дробови: Длабоко сум благодарна

52-годишната принцеза е „најдобра колку што може да се очекува под овие околности“, соопшти палатата. Таа ќе ги помине следните шест месеци во рехабилитација, а нејзиниот напредок ќе биде внимателно следен за

Експедицијата на Сенегал на Мундијалот предизвикала сексуален скандал!!!

Фудбалската репрезентација на Сенегал од едно од потенцијалните изненадувања на тековниот Мундијал се претвори во дувло на скандали кои ја шокираат јавноста. По она дека репрезентативците тотално биле оставени сами на себе,

УНГАРИЈА ПРЕД УСТАВНА КРИЗА – Новиот премиер му се закани на претседателот со итен импичмент!

Унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот со кој се прекинува мандатот на претседателот на државата, Тамаш Шујок. Новата власт предводена од премиерот Петер Маѓар го смета претседателот за еден од
Go toTop