(ФОТО) Полицијата ги објави првите фотографии од напаѓачот кој уби 10 лица во Лос Анџелес

January 22, 2023
1 min read

Мотивите за масовното убиство засега не се познати

Полицијата во Лос Анџелес ги објави првите фотографии од лицето осомничено за вооружениот напад за време на прославата на Лунарната Нова година во паркот Монтереј.

Тој е опишан како лице високо 177,8 сантиметри, облечено во црна јакна и со очила.

Според објавата од властите, полициските инспектори го идентификувале како осомничен и предупредуваат дека лицето треба да се смета за опасно и вооружено.

Медиумите, исто така, јавуваат и дека полицајците во изминатиот околу еден час пронашле и опколиле бело комбе јужно од Лос Анџелес за кое сметаат дека можеби е поврзано со пукањето, но ова засега не е потврдено од властите.

Во нападот беа убиени 10 лица, а уште 10 се ранети од кои некои се во критична состојба.

Мотивите за масовното убиство засега не се познати.

Паркот Монтереј, каде се случи нападот за Лунарната нова година, се наоѓа на околу 11 километри од центарот на Лос Анџелес. Станува збор за подрачје со околу 60 000 население од кое мнозинството е со азиско потекло.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

83 казнети возачи на територија на СВР Kуманово

Следно

Талевски: За пониски цени треба да се произведува повеќе струја, владата е со розови наочари, најлошо се справуваат со кризата

Latest from Blog

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во
Go toTop