Белосветски мафијаш од Бугарија, Васил Божков – Черепот влегува во бизниси во Македонија. Првиот вицепремиер Артан Груби, на владина седница носи одлука за распишување на оглас за формирање на три нови правни субјект, помеѓу Лотарија на Македонија и привитни фирми, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Лотарија на Македонија, чиј директор е и шеф на кабинет на Груби, распишува оглас тоа го прави сите спецификации да одговараат на фирмата на Черепот, 8888.бг. Черепот, кој во моментот е во притвор е белосветски криминалец, со бројни кривични дела, кој се наоѓа на црната листа на САД, и близок пријател на Пригожин и Русија. Само во држава како Македонија и криминална влада на СДС и ДУИ, лице кое е на црната листа на САД и е во притвор може да биде бизнис партнер на Груби.

 

Ова ли се европски вредности за кои се залага владата на СДС и ДУИ? Европска вредност ли е за Груби белосветски кримоналец да се направи бизнис партнер? Зошто ЈО наместо да отвори истрага и да испита зошто и како Лотарија објавила оглас и спецификациите ги усогласила според фирмата на Черепот, се уште молчи. Чиј интерес штити ЈО?

 

Вечно нема да бегаат од одговорност. Важно е дека со промена на власта, следува целосна истрага и одговорност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.