Дополнителни сили на НАТО пристигна во Косово

October 7, 2023
1 min read

Првиот контингент од 200 британски војници денеска пристигнаа во Косово како засилување на мировната мисија на Силите на НАТО во Косово (КФОР), соопшти вечерва Алијансата.

Во соопштението се наведува дека распоредувањето на дополнителните сили на КФОР доаѓа по нападот врз припадници на косовската полиција на 24 септември и зголемените тензии во регионот.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, дополнителните британски војници се од

Првиот баталјон на Кралскиот полк на Принцезата од Велс, кои им се приклучија на контингентот од 400 припадници на Вооружените сили на Обединетото Кралство кои веќе се стационирани во Косово.

Дополнително и романската Влада во вторникот соопшти дека ќе испрати уште околу 100 дополнителни свои војници во Косово за да ги зајакне силите на КФОР.

– Овие распоредувања претставуваат чекор на претпазливост за да се обезбеди дека КФОР ги има силите што му се потребни за да го исполни својот мандат даден од ОН за одржување на безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите луѓе во Косово. Распоредувањето се заснова на барање на Врховниот командант на НАТО за Европа и беше одобрено од сојузниците во Северноатлантскиот совет, се додава во соопштението.

Мировната мисија во Косово, предводена од НАТО, функционира од 1999 година согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. КФОР моментно се состои од над 4.500 војници од 27 земји членки и партнери на НАТО.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синдикат на културата: Министерката сака да го спречи растот на платите во културата

Следно

Утрото студено, преку ден сончево

Latest from Blog

Бомба за крајот на преодниот рок: Сити го носи Енцо Фернандез за 140 милиони евра!

ФОТО: Chelsea Football Club/FB Челзи и Манчестер Сити постигнаа договор за трансферот на Енцо Фернандез, според информациите од францускиот весник „Л’Екип“. Аргентинскиот играч за врска ќе ја продолжи кариерата на „Етихад“, а

Паника на Тајмс Сквер во Њујорк: Жена напаѓа луѓе со нож, тргна и на полицијата- двајца загинати (ВИДЕО)

Според локалните медиуми, осомничената, Памела Циснерос (49), избодела две лица со нож во растојание од само 20 секунди. Прво избодела 68-годишен маж во стомакот додека излегувал од станица на метрото и чекал

Тоневски со честитка до учениците во Пробиштип: Бидете љубопитни, храбри и истрајни

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод почетокот на новата учебна година упати честитка до учениците, наставниците и родителите. Тоневски посочи дека училишното ѕвонче го означува почетокот на нова година исполнета

ЕУ подготвува поголеми вложувања во критични минерали – Македонија има само една активна инвестиција

Европската Унија планира во следниот седумгодишен буџет да одвои повеќе средства за зајакнување на сопствената независност во снабдувањето со критични минерали. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, повика новата финансиска
Go toTop