Уште гори депонијата во Добарце, Општина Желино вели дека ја следи ситуацијата

October 6, 2023
1 min read

реклама

„Сведоци сме дека депонијата е изгасната. Посветени сме на дислокација на оваа депонија.“.

Вака изјави портпаролот на општина Желино пред 20 дена.
Но за жал депонијата се уште гори.

реклама

„Депонијата во село Добарце продолжува да гори веќе цел месец а од општина Желино пред три недели изјавија дека пожарот е изгаснат, но реалноста е сосема поинаква.“, вели репортерот на ТВ21, Сенат Зилбехари.

Од Општина Желино признаваат дека депонијата се уште гори, а велат дека се во постојан контакт со компанијата која е надлежна за гаснењето на пожарот.

реклама

„Будно ја следиме состојбата кај депонијата во Добарце и сме во постојан контакт со Противпожарната единица – Тетово и компанијата која е надлежна за гаснење на пожарот, имавме интервенција пред неколку дена, ќе има уште една интервенција за неколку површински пожари.“, соопштуваат од Општина Желино.

Депонијата во селото Добарце се запали на 9 септември, а Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување интервенираа со авиони. Тетовските пожарникари со денови се обидуваат да го изгаснат пожарот, но безуспешно.

реклама

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

18-годишник повреден со остар предмет пред угостителски објект

Следно

Проблеми до небо на контролорите на летање, додека штрајкуваат авио сообраќајот ќе биде блокиран

Latest from Blog

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop