Што бидна со новинарството на кое не му фуфка?

October 6, 2023
2 mins read

Во јуни 1970 година, месечникот Сканлан го објави „Дербито на Кентаки е декадентно и развратно“, од Хантер С. Томпсон, текст што се смета за почеток на гонзо новинарството, многу личен стил на известување што го става новинарот во центарот на приказната.

Во тоа време, Томпсон не беше единствениот кој ги поместуваше границите. Тоа беше период на пошироки новинарски иновации, тн „ново новинарство“ во кое новинарите беа слободни да развиваат литературен, хипер-субјективен стил и да истражуваат контроверзни теми.

Неколку дена по „Дербито на Кентаки…“, магазинот Њујорк објави текст на Том Волф кој ја ругаше растечк

ата склоност на левичарските милионери да организираат добротворни настани за поддршка на радикални каузи, само за да си ја исперат грижата на совеста .

Таквата дрскост траеше со години. Во 1979 година, му беше објавен текст на ПиЏеј О’ Рурк со наслов:

„Како да возите брзо додека сте на дроги и ви го стискаат „стојко,“ а да не ја истурите пијачката?“

Лудо, возбудливо и забавно новинарство кое го правеше она кон што Дејвид Фостер Валас сакаше да се стремат романите: „Да се утешат вознемирените и да се вознемират комфорните“.

Денеска е сосема поинакво време, време на масовна автоцензура заради сеприсутниот страв од канселирање. Време кога Њујорк Тајмс се извинува како ја покривал темата за СИДАТА и геј културата во1980-тите, па дури ие Национална географија си најде мани за некогашниот третман на расните прашања. 

„Современото новинарство, во кое доминира лажно-прогресивно размислување, се срами од слободата што некогаш ја имаше. Наместо да ги поместуваат границите, уредниците на мејнстрим медиумите сега имаат патерналистички став кон своите читатели па објавуваат приказни во кои им кажуваат што да прават среде овој свет што се менува: од прирачници за тоа колку илјадници полови постојат, до објаснувања зошто треба поретко да се тушираме за да ја спасиме планетата“, пишува Ајту Дијаз.

Но, најзастрашувачко не е она што се објавува туку она што не се објавува, бидејќи се оценува како премногу рискантно. Денеска не постои „јунак“, кој би смеел да напише нешто како она на ПЈ О’ Рурк дека:

„Постојат голем број механички уреди кои ја зголемуваат сексуалната возбуда, особено кај жените. Главен меѓу нив е кабриолетот Мерцедес-Бенц 380SL.“

Денешното новинарство е мајчинско, сака да ве увери во правилното размислување. Ова не е ограничено само на идеолошките  теми. Современиот печат е полн со лекции како да го живеете својот живот, дури и за тривијални работи, на пример како да поминете лежерен ден со фамилијата. Мејнстрим новинарството не преминува никакви линии и и не презема никакви ризици. Како резултат на тоа, царува униформност на мислите што ги направи досадни некогаш интересните весници и списанија.

„Денес не можете да цитирате премногу мажи. Не можете да навивате за автомобилите. Не можете да препорачате книга ако нејзиниот автор приватно бил кретен. Не можете да кажете дека ампутирањето тестиси на малолетник е родов тероризам. Накратко, не можете да кажете ништо надвор од идеолошкото јато, освен ако не сте Мишел Уелбек, кому медиумите му посветуваат внимание само за да ни покажат колку се шокирани од него,“ пишува Дијаз.

**********

Види и:

Дневното мени на Хантер С. Томпсон

Мемоари на синот на Хантер С. Томпсон

Хантер и Ричардс

Хантер Томпсон конечно му го врати украденото на Хемингвеј

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Киненова“ отвора со грчко-македонската копродукција „Зад стоговите сено“, Фестивалот му додели награда за особен придонес на Бранислав Лечиќ

Следно

Британска поддршка за нашиот пристапен процес во ЕУ како инвестиција во стабилноста и просперитетот на државата

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop