Книгата раскази „Делфинот“ на Александар Прокопиев објавена на бугарски јазик

October 6, 2023
1 min read

Неодамна, познатото софиско книгоиздателство „Books4All“ („Книги за сите“) ја издаде книгата раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)“ на македонскиот автор Александар Прокопиев.

Преводот на бугарски е на Деница Проданова, инвентивното решение на корицата на Стефан Пламенов.

Во препораката до бугарскиот читател на „Делфинот“ се вели:

Мајстор на прозата, Александар Прокопиев умее да раскажува приказни што вовлекуваат во интригата, возбудуваат со своите емоции и на крај, но не и помалку важно – долго остануваат во вашите мисли“.

Претходната книга на Прокопиев преведена на бугарски, „Човечулец“, беше под покровителство на истото книгоиздателство што го води издавачот, книжевниот истражувач и критичар Пламен Тотев. „Човечулец“ имаше впечатливи претставувања за време на меѓународната ноќ на литературата во Софија, како и во македонскиот културен центар.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава против жител на Брест за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“

Следно

Ништо добро нема да се случи ако САД ги секнат парите за Украина

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Гасоводот со Грција напредува, се подготвува поврзувањето со Србија

Изградбата на гасоводот со Грција напредува, паралелно се подготвува интерконекторот со Србија и се спроведуваат технички проверки за ставање во функција на домашните гасоводни делници, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на
Go toTop