Џафери: Претседателот на Собранието може да ја прекине седницата ако нема кворум или ако оцени дека треба да се прекине

October 5, 2023
1 min read

реклама

Според членот 81, претседателот на Собранието може да ја прекине седницата доколку нема кворум за одлучување, а може да ја прекине и во ситуации за кои тој ќе оцени дека треба да ја прекине, потенцира претседателот на Собранието Талат Џафери, во однос на седната за гласање на уставните измени.

Тој во гостувањето на „Вин Вин“ на Телма, вечерва посочи дека во случајот со уставните измени, станува збор за втора причина, односно за ситуација во која спикерот оценил дека седницата треба да се прекине.

реклама

-Мое ексклузивно право е да оценувам дали да прекинувам седница или не. Ова право ми е загарантирано со Деловникот, рече Џафери.

Во однос на претседателските избори, според Џафери, нема дилема дека тие мора да бидат редовни, а за да бидат редовни мора да бидат во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател на државата. Мандатот, како што рече, завршува на 12 мај.

реклама

-Реперот е 12 мај, кога истекуваат 60 дена од мандатот. Вториот круг на претседателските изброи најдоцна може да биде на 5 мај.

Џафери рече дека парламентарните избори во редовна постапка мора да бидат во последните 90 дена од мандатот на тековниот состав.

реклама

-Прв ден најрано за изборите е 5 мај. Ако сакаме редовни претседателски и парламентарни избори, тие се сретнуваат на 5 мај. Се надвор од 5 мај се предвремени избори и треба да се распушти Собранието, рече Џафери.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џафери: Мое ексклузивно право е да оценувам дали да прекинувам седница или не

Следно

Во Скопје се одржа 2. Балканска ноќ на поезијата

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop