Бендевска: Подготвуваме тужба за заштита од дискриминација против државата, недостигаат една третина од учебниците

October 5, 2023
1 min read

реклама

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација подготвува тужба за заштита од дискриминација против Министерството за образование и наука поради недостигот на учебници, изјави денеска претседателката на Комисијата, Весна Бендевска.

На денешната средба со граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа во Струга, Бендевска нагласи дека Комисијата работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што е недостигот на учебници и необезбедувањето бесплатен превоз за студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети.

реклама

Посочувајќи со бројки, истакна дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46, што, како што потенцира, е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици.

Видливо се зголемува бројот на претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, што е и еден од индикаторите дека граѓаните се здобиваат со доверба во работата на Комисијат

реклама

Токму поради тоа, подвлече, Комисијата утврдила дека кога не постои учебник како основно средство за изведување наставно-образовен процес, нема еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници.

  • Комисијата донесе одлука и таа се спроведува. Ќе поднесеме тужба пред граѓанскиот суд за заштита од дискриминација од јавен интерес заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај, Комисијата ќе биде една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивни интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет, во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата. Тужена ќе биде државата, односно МОН. Тужбата ја подготвуваме и ќе ја поднесеме заедно со нашите стратешки партнери, Македонското здружение на млади правници, изјави Бендевска.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Зеленски: Во руски напад врз продавница во Источна Украина загинаа 48 лица

Следно

Со современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин се отвора новата сезона во Националната опера и балет

Latest from Blog

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop