Агелер со порака до власта – „Законот за амнестија да е транспарентен, ќе го следиме процесот“

October 4, 2023
1 min read

реклама

За Соединетите Американски Држави и американската амбасада е важно процесот на законот за амнестија да се одвива легално и транспарентно. Ова го изјави американската амбасадорка Анџела Агелер која порача дека политичарите треба да ја запознаат јавноста зошто се носи таков закон и која е неговата улога.

„Најважната работа за амбасадата на САД е процесот да биде легален и транспарентен и граѓаните во земјата треба да разберат што се случува и зошто тоа се случува и нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто е тоа важно. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу ќе го следиме процесот“, вели Анџела Агелер.

реклама

Законот од вчера влезе во собраниска процедура со скратена постапка  но без европско знаменце и уште веднаш им беше распределен на пратениците. Сепак се уште нема најава кога ќе се најде законот на комисиска расправа. Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска најавија дека ќе го блокираат законот со поднесување голем број амандмани.

„Немаме точна бројка но ќе бидат доволно за законот да не се донесе. Затоа што сметаме дека законот за амнестија е политички проект на власта за трговија со влијание да се даде амнестија на осудени криминалци а за возврат да се добие поддршка во предизборната кампања за вршење на валканите работи во текот на изборите“, вели Антонио Милошоски.

реклама

Против ова законско решение е и здружената албанска опозиција. Фадиљ Зендели од Беса повтори дека тие сметаат дека тој се носи за политички маркетинг пред избори.

„Општ впечаток е дека се прави овој предлог закон од политички побуди на власта, неспорно е дека е од политички побуди, интереси на власта за овој закон, но во суштина се работи за луѓе навистина казнети за правосилни одлуки, но сепак се работи за човечки суштества за кои некогаш и треба да имаме сфаќања но никако не можеме да имаме сфаќања за криминалот за корупцијата. Значи правиме анализи, во моментот кога ќе почне дебатата и ќе имаме став“, вели Фадиљ Зендели.

реклама

Вчера премиерот Ковачевски најави дека и пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандмани во насока на прецизирање на неговата важност за дела кои се од помал обем, со што ќе бидат исклучени случаи за кои се предвидени повисоки затворски казни. Со ова тој јасно стави на знаење дека со овој закон за амнестија нема да биде опфатен случајот Монструм.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ одобри испраќање на 420 милиони долари солидарна помош за Туркије по земјотресите

Следно

Шведскиот министер за одбрана: Шведска сака добри односи со Туркије

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop