Костадиновска-Стојчевска: Драмски со „РУТА“ е уште еден мост за поврзување на регионот

October 4, 2023
1 min read

Со домашна премиера, претстава на скопскиот Драмски театар, започна второто издание на регионалниот театарски фестивал „РУТА“ во земјава.

„Фирма“, по текст на реномираниот германски автор Роланд Шимелфенинг и во режија на Нела Витошевиќ, со одбрана актерска екипа, е првата претстава на фестивалот кој го поврзува театарскиот живот на регионот.

На отворањето на неколкудневниот тетарски празник во Скопје, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ги поздрави актерите и гостите од сцената на Драмски, која, како што рече, буди посебна емоција, и додаде дека преку театарот, уметниците успеаја да го подигнат и да го одржат мостот наречен „РУТА“.

Ви благодарам што давајќи дел од себе нè опоменувате и нè потсетувате на последиците од алчноста, од отуѓеноста, од кусогледоста, од непромисленоста. Нè потсетувате на повторливоста на смртоносните пандемии, на бавното ослободување на жената, на еволутивните слабости на човештвото.

Вашата улога, веројатно, најдобро ја опиша уникатниот режисер Јагош Марковиќ, кој, за жал, веќе не е меѓу нас: „Мораме да сведочиме. Мораме едни на други да кажеме – за да не помислиме дека сè е во ред, рече Костадиновска-Стојчевска.

Заблагодарувајќи се за гостувањето на сите ансамбли на ова издание на фестивалот „РУТА“, министерката Костадиновска-Стојчевска ги покани театрите од регионот со посебно внимание да се вклучат, преку „РУТА“, и во 2028 г., кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата.

Регионот му е потребен на Скопје. Скопје му е потребно на регионот – рече Костадиновска-Стојчевска.

Фестивалот продолжува со „Декамерон“ на Градско позориште од Подгорица во копродукција со Народно позориште од Ниш, на режисерот Пројковски и со „Нора“ на Местно гледалишче од Љубљана, Словенија, во режија на Нела Витошевиќ. Потоа следуваат: „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево во режија на Дино Мустафиќ и „Самрак на боговите“ на Београдско драмско позориште во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.

Со претставата „Отело“, пак, театарот Улисис од Хрватска го затвора фестивалот „РУТА“ в недела (8 октомври). Режијата е на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите, освен на актерите на Улисис, е направена и со членовите на Сараевски ратни театар од Сараево.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски го објави списокот за натпреварите со Украина и Ерменија

Следно

Проширувањето на ЕУ би чинело 250 милијарди евра

Latest from Blog

ВЛЕН: 35 години независност – време е за посилни институции и европска иднина

Денес ја одбележуваме 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија, историски датум кој ја претставува волјата на граѓаните да живеат во слободна, демократска и суверена држава. Овој ден им припаѓа на сите

Мozzartsport.com: “Да зборуваме за Македонците, извор од кој Ц. Звезда се напојува!“

ФОТО:mozzartsport.com/ По се она што се случува со Матеј Гаштаров, по фантастичниот настап на младиот Македонец во “вечното дерби“, еден од најреномираните медиуми на Балканот, Мozzartsport.com, објави интересен текст со наслов –

КОМШИИТЕ ИМ ПОСТАВИЈА ЗАВЕСА ШТО ЌЕ ГИ ЗАПРЕ – Финска заврши со изградба на ограда долга 200 км кон Русија

Финска ја заврши изградбата на заштитна ограда долга 200 километри долж границата со Русија, во обид дополнително да ја зајакне контролата на својата источна граница и да одговори на она што Хелсинки

Лацио славеше и во Удине за “три од три“

ФОТО:facebook.com/UdineseCalcio1896/ Три натпревари, три победи за Лацио. Екипата од Рим славеше во Удине против Удинезе, и по голем пресврт, беше 1:2 (0:0). Поради исклучителната физичка подготовка на екипата на Џенар Гатузо, тие

Пентагон во август собориле околу 100 дрона на јужната граница на САД- нарко картелите се закануваат

Американската војска даде редок увид во своите операции на јужната граница, откривајќи дека само во август соборила „приближно 100“ дронови за кои се сомнева дека им припаѓаат на картели, потврди за „Фокс
Go toTop