Реакција од М-НАВ за изјавите од претседателот на ССКЛ

October 3, 2023
2 mins read

реклама

М-НАВ реагира во врска со последните изјави од претседателот на Струков Синдикат на контролори за летање. М-НАВ кажува дека изјавите се тенденциозни и истите не ја кажуваат вистинската слика на работење на М-НАВ.

„Во врска со последните изјави од страна на претседателот на Струков Синдикат на контролори на летање (ССКЛ) укажуваме дека истите се тенденциозни и не ја кажуваат вистинската слика на работење во М- НАВ и прават опструкција на проефесионалното работење  на М- НАВ, која е сериозна компанија и го менаџира авиосообраќајот над нашето небо. 

реклама

М- НАВ е институција која работи по највисоки европски и светски стандарди за управување и контрола на воздушниот сообраќај. Оваа година бележиме историска година со зголемен сообраќај над 20 проценти споредбено со 2019 година (најдобра година пред кризата од КОВИД – 19) и со домаќинско работење на УО сме ги сервисирале сите обврски кон вработените, вклучувајќи ги и задржаните плати и креираната загуба од КОвид периодот.  Во последните три квартали од оваа година бележиме помали  трошоци од планираните во вкупен износ од 1.5 милиони евра и соодветно ќе продолжи во четвртиот квартал. Со тоа создадовме финансиски предуслови за зголемвуање на платите за вработените до 10 проценти за последниот квартал како и пет проценти од наредната година во согласност со Спогодбата потпишана со репрезентативните синдикати. 

Оваа негативна и лоша тенденција која е лична иницијатива за свои интереси од Претседателот на синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски, е само показател на лични интереси во негова корист, а додека другите вработени кои не се консултирани за неговите изјави и постапки, кои според свои интереси ги злоупотребува и според тоа прави штета на М- НАВ.

реклама

Исто така, УО ги превзема сите активности за инвестирање, реализација и имплементација на навигациона опрема, вклучувајќи и најмодерен систем за водење на авиони и соодветна модерна радарска станица, како и VHF/VCS/AWOS опрема, кои се дел од кредито со ЕБОР.

Од 2021 година сме вклучени во Free route concept na Network Management na Eurocontrol и со тоа се придонесува за намлување на Co2 емисии и резултирање со пократки рути за авиокомпаниите. Во завршна фаза сме со  PBN најмодерните процедури за слетување/полетување на нашите меѓународни аеродроми.

реклама

Оваа година сме во завршна фаза на имплементација на најстрогата системска регулатива 373 на ЕУ поврзана со безбедност на воздушниот сообраќај со рок за имплементација до почетокот на 2023 година и за истата сме во континуирана соработка и координација со нашиот регулатор ACV  преку кој ќе се добие нов сертификат.

Голем дел на контролори на летање се пратени на дообука во Eurocontrol за стекнување на лиценца за инструктори. Исто така, од ноември 2023 година ќе се реализира обновување на знаење на сите контролори на летање во реномираниот тренинг центар во Мадрид, Шпанија.

УО на М-НАВ АД Скопје потврдува дека сите вработувања за контролори на летање се спроведуваа согласно строгите критериуми на Eurocontrol и интерните акти и за последните две години се примени 20 нови кадри, од кои 12 – мина се здобија со лиценца додека другите осум кандидати се во фаза на практична обука.

Укажуваме дека УО на М-НАВ АД СКопје ги има сиполнето сите взаемни спогодбени услови со синдикатите. “, велат од М-НАВ.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кривична пријава против лице од Неготино за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Следно

Одлука за формирање работна група за изнаоѓање заедничко решение околу прашањата покренати од Синдикатот на УПОЗ

Latest from Blog

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop